X
press enter »
MK
EN

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ АУЕ – ФОН И МАСИТ

Американскиот универзитет на Европа – ФОН ја зајакнува и продлабочува веќе воспоставената соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ). Само неполн месец откако АУЕ – ФОН стана придружен член на МАСИТ, денес потпишан е Меморандум со кој ќе се подобри, зголеми и промовира взаемната соработка.

Меморандумот за соработка меѓу двете институции предвидува воспоставување корисни академски врски, релации и соработка на полето на кариерите и вработувањата, како и взаемна соработка на пазарот на испитување на работната сила за дипломците по информатички технологии. Како резултат на соработката, АУЕ – ФОН и МАСИТ ќе разменуваат знаења и искуство, а истовремено заеднички ќе работат на разни научни и образовни полиња.

Согласно меморандумот, АУЕ ФОН и МАСИТ ќе го поддржат истражувачкиот кадар и студентското ангажирање во практичната работа, работа на одредено време и работа на неодредено време на пазарот на ИКТ трудот. Дополнително во интерес на студентите на АУЕ - ФОН, ќе се разменуваат книги, електронски и разни публикации и материјали за едукација, обука и истражувачки цели.

Меморандумот предвидува и организацијата на научни собири и заеднички проекти, а двете страни ќе поддржуваат и заеднички научно-истражувачки работи, како и издавање на заеднички публикации. АУЕ – ФОН и МАСИТ ќе се фокусираат и на обезбедување на говорници од ИКТ индустријата и пренесување на искуства и совети кон студентите кои студираат информатичките технологии. Дополнително, страни ќе го користат меѓусебното знаење и искуство со цел да најдат решенија за научните проблеми од взаемен интерес.

Со потпишувањето на Меморандумот за меѓусебна взаемна соработка, АУЕ – ФОН го става на располагање потенцијалот и искуството на својот академски кадар за унапредување на ИКТ индустријата, а со поддршка на МАСИТ универзитетот на своите студенти им овозможува полесен пристап до пазарот на труд и сигурно вработување.