X
press enter »
MK
EN

АУЕ – ФОН ПОТПИША ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА СО УПОЗ

Американскиот универзитет на Европа – ФОН денеска потпиша договор за соработка со Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани – УПОЗ. Со договорот се предвидува двете страни меѓусебно да разменуваат практични знаења, искуства и вештини, потоа стручна и научна литература, просторни капацитети, како и информации од заеднички интерес.

Согласно договорот, како реномирана приватна високо-образовна установа АУЕ - ФОН ќе овозможи квалитетно високо образование на прв и втор циклус студии, за едукација и доедукација на членовите на УПОЗ и нивните потесни семејства со повластена цена.

Попустот на годишната школарина се однесува на членовите на УПОЗ и членовите на нивните потесни семејства кои ќе се префрлат на АУЕ – ФОН од други високо-образовни установи од земјава и странство.

Овозможувањето на попуст на школарина за членовите на УПОЗ и на членовите на нивното потесно семејство претставува општествено одговорна одлука на Американскиот универзитет на Европа – ФОН да овозможи достапно образование за сите, при што Универзитетот ќе продолжи да го применува мултидисциплинарниот пристап кој има стратешка улога во пресретнување на потребите на претприемништвото и за приспособување на студентите со промените со кои светот се соочува.