X
press enter »
MK
EN

АМЕРИКАНСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ НА ЕВРОПА – ФОН ПОТПИША ДОГОВОР ЗА БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА СО НУБЛ

Во рамките на неделата на мобилност „Erasmus Learning Mobility for Higher Education Students and Staff“, Американскиот универзитет на Европа – ФОН и Независниот Универзитет Бања Лука потпишаа билатерална спогодба за соработка со неверојатно квалитетни услови за студиска и наставно-научна размена.

Ова е уште еден мост изграден од АУЕ – ФОН, овој пат во партнерство со НУБЛ од Босна и Херцеговина, со кој се овозможуваат нови хоризонти на пазарот на трудот за високо образованите кадри.

Соработката се официјализираше во рамките на посетата на НУБЛ универзитетот од страна на претставници од АУЕ - ФОН. Во периодот од 18 до 22 јули, ректорот на НУБЛ, проф. д-р Зоран Калиниќ организираше прием за нашиот наставен кадар, предводен од професор Емеритус Мирко Трипуноски. Во рамките на посетата, двата универзитети постигнаа согласност соработката да се одвива на различна нивоа и полиња преку заедничка подготовка и реализација на наставата, заедничка издавачка дејност, организација и учество во научно истражувачка работа, организација на конференции, како и размена на методолошки искуства. Размената на наставниот кадар и студенти ќе се реализира во периодот од 2022 до 2027 година.

АУЕ-ФОН со потпишувањето на овој договор за билатерална соработка, уште еднаш практично им потврдува на своите идни студенти дека инвестицијата во образованието секогаш возвраќа највисоки камати за влогот.