АУЕ – ФОН И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ПОТПИШАА ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА
Американскиот универзитет на Европа - ФОН потпиша договор за соработка со Министерството за култура кој отвара нови перспективи за вработените во министерството преку одлични можности за едукација, професионална надградба и усовршување, што ќе придонесе за нивен кариерен развој и успех.
Американскиот универзитет на Европа – ФОН како реномирана и докажана приватна високо - образовна институција, согласно потпишаниот договор ќе овозможи квалитетно образование за прв и втор циклус на студии, односно за едукација и доедукација на вработените во Министерството за култура. Договорот со Министерството за култура е потврда на заложбата на АУЕ – ФОН да овозможи образование достапно до сите, имајќи предвид дека токму едукацијата е клучната алка за оспособување на граѓаните со конкретни вештини и за развојот на државата.
Дополнително, договорот за соработка предвидува и размена на практични знаења, искуства и вештини, како и информации од заеднички интерес на АУЕ – ФОН и Министерствотото за култура.
Американскиот универзитет на Европа – ФОН во континуитет ја проширува листата на државни институции или приватни компании со кои има потпишано договори за меѓусебна соработка, со цел заедничко искористување на потенцијалите, искуството и ресурсите за јавно добро.
Универзитетот и во иднина останува фокусиран на воспоставување долгорочни стратешки бизнис партнерства, со кои се поттикнуваат позитивни промени во општеството и се овозможуваат дополнителни вредности за сите засегнати страни.