X
press enter »
MK
EN

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА АУЕ - ФОН

Заменикот министер за образование и наука, Лулзим Алиу денеска оствари работна посета на Американскиот универзитет на Европа-ФОН. Во рамките на посетата,  ректорката проф. д-р Билјана Пулеска Јанушевска го информираше заменик министерот Алиу дека како резултат на интензивното проширување на меѓународната соработка, АУЕ - ФОН на студентите им овозможува да се стекнат со двојни дипломи од престижни универзитети од Германија, Франција и Бугарија.

Ректорката на АУЕ – ФОН потенцираше дека двојните дипломи од трите реномирани европски универзитети (Државниот Универзитет за применети науки од Митведа, Германија, Високата школа за осигурување и финансии од Софија, Бугарија и Европскиот Центар за Меѓународно Образование од Ница, Франција) на нашите студенти им отвораат нови перспективи за професионален и кариерен развој, како и стекнување на академска квалификација која без процедури на нострификација и еквиваленција е валидна во државите членки на ЕУ.

Заменик министерот исто така беше информиран дека во тек е и постапка за акредитација на наставниот кадар од Американскиот универзитет на Европа – ФОН за менторирање на докторски студии на ВУЗФ универзитетот од Софија.

На работната средба помеѓу ректорката на АУЕ- ФОН со заменик министерот за образование и наука беше заклучено дека интензивната и непосредна соработка со реномираните универзитети од регионот и пошироко, претставува одлична можност за споделување на искуства и знаења и за наставниот кадар од нашиот универзитет, кои преку својот потенцијал градат квалитетни и успешни генерации.