X
press enter »
MK
EN

АУЕ - ФОН Е ПАРТНЕР НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА „ОДРЖУВАЊЕ НА МИР И РАЗВОЈ ВО ПОДЕЛЕН СВЕТ“

Американскиот универзитет на Европа - ФОН е партнер од Северна Македонија на конференцијата „Одржување на мир и развој во поделен свет“ која што ја организираат FPCI и Global Citizens од Индонезија. Конференцијата ќе се одржи во сабота, 5 ноември 2022 година и ќе биде виртуелен настан во времетраење од 15 часа, на која што ќе присуствуваат светски конзорциуми на реномирани граѓански организации, тинк-тенкови и универзитети.

Целта на глобалната конференција е преку независна, отворена и динамична платформа да ги собере светските лидери, водечки умови и партиципативни граѓани од различни земји за да дискутираат за состојбата во светот, олеснувајќи ги на тој начин дискусиите за клучни прашања  и предизвици со кои се соочува светот денес.

На конференцијата во неколку интерактивни дискусии ќе се опфатат различни теми меѓу кои: глобалната ситуација во 2022 година, актуелните геополитички случувања, војната во Украина, климатските промени, глобалната економија, тековните прехранбени, енергетски и финансиски кризи, улогата и аспирациите на младите итн.

Ова ќе биде трето издание на меѓународната конференција во организација на Foreign policy community of Indonesia (FPCI) и Global Citizens. Минатата година оваа конференција привлече над 12.000 учесници од 122 земји, а се придружија 27 тинк-тенкови, 40 граѓански здруженија, организации и 38 универзитети од целиот свет.

Со своето учество на настанот, којшто ќе ги собере светските лидери, студенти и наставниот кадар од Американскиот универзитет на Европа – ФОН имаат уникатна можност да ги споделат своите идеи и ставови за сплотувањето на државите и начинот на справување со предизвиците со кои што светот се сочува денес.

Со партнерството на конференцијата „Одржување на мир и развој во поделен свет,  АУЕ – ФОН има можност да се поврзе со други универзитетски и тинк-тенк партнери ширум светот, со што го зголемуваме бројот на соработници и отвораме нови перспективи за развој.