X
press enter »
MK
EN

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД АУЕ – ФОН ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА БРИСЕЛ

Дигитална трансформација, соработка со европските универзитети, иновативни проекти, соработка со бизнис секторот, се дел од можностите кои му стојат на располагање на Американскиот универзитет на Европа – ФОН. Ова го истакна Марија Габриел, еврокомесар за иновации, истражување, култура, образование и млади од Брисел на средбата со делегацијата од АУЕ – ФОН предводена од ректорката проф. д-р Билјана Пулеска Јанушевска, заменик – директорката проф. д-р Александра Србиновска и ко-основачот на универзитет, м-р Сефер Цаноски.

Делегацијата од Американскиот универзитет на Европа – ФОН се наоѓа во дводневна посета на Брисел, која што се реализира во соработка и голема поддршка на нашиот почесен доктор на науки господинот Илхан Ќучук лидер на АЛДЕ, европратеник и известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија.

Во рамките на посетата на Брисел, делегацијата од АУЕ – ФОН ќе остварат средби со повеќе важни личности и институции, со цел да се продлабочи соработката на нашата високообразовна институција со институциите и универзитетите од ЕУ.