X
press enter »
MK
EN

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ АУЕ – ФОН И МИОА

Ректорката на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, проф.д-р Билјана Пулеска Јанушевска оствари работна средба со министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити на која потпишаа Меморадум за соработка. Меморандумот за соработка помеѓу АУЕ – ФОН и МИОА опфаќа организирање на состаноци, работни средби, работилници, конференции и семинари во врска со проекти, активности и настани кои имаат за цел да се обезбедат подостапни, ефективни и ефикасни услуги кон граѓаните.  

Во рамките да договорените активности, согласно потпишаниот Меморандум, предвидено е вклучување на наставниот кадар од Универзитетот во јавни расправи по однос на предлог-закони во насока на добивање добри законски решенија, како резултат на нивната професионалност и долгогодишно искуство.

 Со Меморандумот, двете страни се договорија Министерството за информатичко општество и администрација да даде свој придонес во осмислување на нови студиски програми на Американскиот универзитет на Европа - ФОН, како и да се обезбеди практична работа за нашите студенти во министерството. Истовремено, како резултат на договорот, двете страни заеднички ќе аплицираат и реализираат научни, стручни и апликативни проекти.

 Од особено важност е договореното ангажирање на експерти на министерството во наставниот процес на АУЕ - ФОН универзитетот за клиничка настава, со цел да им го пренесат своето искуството на нашите студенти.