X
press enter »
MK
EN

Проф. д-р Евангелос Кофос со гостинско предавање

[b]Професорот на Атинскиот универзитет и советник на грчкото МНР, беше гостин пред студентите на ФОН Универзитет и дебатираше на тема “Грчката надворешна политика во состав на агендата 2014“ и разликите околу името.[/b][br][br] Еден од креаторите на грчката стратегија кон името на Македонија, Евангелос Кофос, по втор пат во Скопје проба да ја објасни суштината на спорот, така како што е гледан од Атина. Според него ,поентата била дека владите не можат со одлука да им наметнуваат идентитет на индивидуите, дека тоа е лично прашање, но дека мора да се најде начин како Македонците од Македонија и тие од грчка Македонија да се претстават во светот и сите да ги разликуваат. [br][br] „Прашањето за идентитетот е многу лично, прашање кое инволвира индивидуи. Секој има свој идентитет. Земјите не се тие што треба да наметнат признавање на еден или на друг идентитет. Проблем на двете земји е прашањето за името. Кога ќе се договориме кое ќе биде финалното име, тогаш тоа ќе се користи од сите и за сите употреби. Треба еднаш засекогаш да најдеме решение за прашањето на државното име. [br][br] “Што се однесува до идентитетот, станува збор за тоа, група од нас да биде видена и препознавана каква што е“, одговори Кофос на прашањето дали во ОН се бара име на државата или се отвораат идентитетски прашања. За „црвените линии“ на Атина и за македонската забелешка, дека тие не водат до решение, Кофос со оправдување на грчката страна вели “секој има своја црвена линија“, Грција сега ја постигна. Таа долго време ирационално не сакаше да го спомене македонското прашање, додека сега отворено говори за тоа. [br][br] Кофос практично се демантира сам себеси за половина час, бидејќи претходно тврдеше дека судирот меѓу Македонија и Грција во почетокот бил судир околу територија и безбедност, а сега станал судир на идентитет. „Ова е потешко прашање. Да беше територијално, досега ќе завршеше. И јас сум Македонец, а ваше е да утврдите каков Македонец сум?“, изјави Кофос пред студентите на Универзитетот ФОН. [br][br] [b]„Ако толку сакате да бидете Македонци, зошто тогаш не и се приклучите на Македонија“, запраша една студентка, на што Кофос одговори дека тоа е одлична идеја и ќе се оствари кога Македонија ќе и се приклучи на Европската Унија.[/b] [img]http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc4/hs793.snc4/67342_447040002698_98198817698_5211416_1438397_n.jpg[/img]