проф. д-р Ана Лазарова Никовска Факултет за странски јазици

  • Образование:
  • Предмети:

Научна област: Наука за јазикот (лингвистика)

Службен емаил: ana.lazarova-nikovska@fon.edu.mk

Биографија

Име и презиме проф. д-р Ана Лазарова

 

Кратко наративно био:

Основно и дел од средно образование завршив во Скопје, со континуиран одличен успех. Четврта година од средно училиште завршив во Флорида, САД, каде добив годишни признанија за постигнувања по предметите Англиски и Германски јазик.  Дипломирав како преведувач по англиски и италијански јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на УКИМ во Скопје во 1995 година, со просек 9.5. Во 1997 завршив и доквалификација за наставна насока, со просек 10. Постдипломски студии по применета лингвистика завршив на Универзитетот на Кембриџ, Обединетото Кралство во 1999 година, постигнувајќи дистинкција во оценките, што ми овозможи да продолжам на докторски студии на истиот универзитет.

Со докторска тутула се стекнав во 2005 година, на тема од областа на усвојување на немајчин јазик (психолингвистика), при Истражувачкиот центар за англиски јазик и применета лингвистика на Универзитетот на Кембриџ, Обединетото Кралство.

За магистерските студии во Англија ја добив престижната Чивнинг стипендија, која ја доделуваат Британската влада и Британскиот совет.  За реализирање на докторските студии во Англија добив повеќе грантови, како Global Supplementary Grant и стипендии од повеќе институции при Универзитетот на Кембриџ. 

Во Англија (Кембриџ и Лондон) поминав 8 години.

Од 1998 до 2001 година ја обавував функцијата на студентски претставник на Советот при Универзитетот на Кембриџ, Англија.

Предавам англиски јазик и работам преводи од 1992 година. Kнижевните преводи се издадени, а педагошките искуства вклучуваат и менторирање додипломци по предметот Психолингвистика на Универзитетот на Кембриџ.

Од 1997 до 2000 година вработена бев како асистент (а подоцна и како предавач) на Катедрата за нематични факултети при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на УКИМ, каде предавав англиски јазик на седум факултети при УКИМ.  

По враќањето од Англија, станав дел од Универзитетот ФОН, прво како доцент од 2008 до 2013 година, па како вонреден професор од 2013 до 2018 година. Од 2018 избрана сум за редовен професор по англиски јазик и применета лингвистика при Факултетот за странски јазици на Универзитет ФОН.

Од 2009 до 2010 ја извршував функцијата на Продекан на Факултетот за странски јазици при ФОН, додека од 2010 до 2012 бев Декан на иститот факутлет, а од 2014 до 2018 член на Сенатот на Универзитет ФОН.

Предмети кои сте ги предавале и предавате во моментов:

 

  • Усвојување на јазик
  • Семантика и прагматика
  • Општа лингвистика
  • Рано учење на немајчин јазик
  • Двонасочен превод АЈ-МЈ
  • Современ англиски јазик 7
  • Современ англиски јазик 8
  • Морфологија на англискиот јазик
  • Психолингвистика
  • Социолингвистика
  • Изучување на странски јазик
  • Прагматика и анализа на дискурс

Теми и области во кои менторирате дипломски работи и магистерски трудови:

Сите предмети наведени погоре

Истражувачки интерес:

 

  • Усвојување на јазик (мајчин и немајчин јазик)
  • Методика на настава по немајчин јазик
  • Јазични патологии

Објавени трудови:

 

  • Lazarova-Nikovska, A. ‘Teaching L2 Literacy in Early Formal Contexts: A Macedonian Example.’ in Philological Research Today IX: Early and Beginners’ Foreign Language Learning in Formal Education. Vučo, Jet al eds. Belgrade: Faculty of Philology, 2019., pp. 175-193 (international, peer-reviewed).
  • Kochova, N and A. Lazarova-Nikovska. 2019.’Compliance with Grice’s Maxim of Manner during CAE and CPE Cambridge Mock Exams of English’. in Current Topics in Language and Literature – An International Perspective (Natasha Bakic Miric et al eds.).Cambridge Scholar, UK., pp. 14-54. (поглавје од книга)
  • Lazarova-Nikovska, A. 2018. Age Effects in the Initial Stages of Second Language Acquisition of English. Elokventa, Skopje. (монографија)
  • Lazarova-Nikovska, A. 2018. The Asymmetric acquisition hypothesis in the initial stages of child and adult L2 development of English. Journal of Contemporary Philology 1(1):7-31 (рецензирано меѓународно)
  • Lazarova-Nikovska, A. 2018. Some linguistic challenges for young learners at pre-A1 level of English. The Journal of Applied Languages and Linguistics 2(1):24-32 (рецензирано меѓународно)
  • Лазарова-Никовска, А. 2018. Принципи на наставата по странски јазик на рана возраст. Просветно дело: Списание за теорија и практика на образованието 2:67-83. (рецензирано меѓународно)
  • Југрева, М. и А. Лазарова-Никовска. 2017. Психолингвистичка анализа на феноменот „на врв на јазик“ кај деца родени говорители на македонскиот јазик. Македонски јазик. Институт за македонски јазик., стр. 211-225. (рецензирано меѓународно)
  • Lazarova-Nikovska, A. 2017. Terminology and complexity issues in bilingual education programmes. Horizons 21:7-17. (рецензирано меѓународно)
  • Лазарова-Никовска, А. и С. Лазаревска. 2015. Преведување на дипломите од техничките факултети од македонски на англиски јазик – искуства и препораки.  Зборник на трудови од ЈКППТ, Филолошки факултет, Скопје, Република Македонија, стр. 519-533. (рецензирано меѓународно)
  • Lazarova-Nikovska, A. 2014. ‘Insights from psycholinguistics for the L2 vocabulary acquisition’. Proceedings from the International Applied Linguistics Conference: Language in practice, practice in language (Proceedings PLLP). Skopje, Republic of Macedonia: pp.135-142. (peer-reviewed, international board)
  • Lazarova-Nikovska, A. 2014. Introducing Literacy in the UK: A Case for Phonics.  IBU Journal of Social and Human Sciences 1(1): 31-43. Skopje, Macedonia (peer-reviewed, international)
  • Lazarova-Nikovska, A., Kardaleska, Lj. and I. Stamenkoska. 2014. On parents’ beliefs about early second language acquisition. ELLSEE Proceedings, Beograd, pp. 221-233. (peer-reviewed, international)

·        Lazarova-Nikovska, A. 2013. The Issue of Age and Transfer in Second Language Acquisition.  Philologia 11: 33-47. (peer-reviewed, international).

  • Лазарова-Никовска, А. 2013. Возраста како фактор во изучувањето на странски јазици. Просветно дело 2/3:101-120. (рецензирано, меѓународно)
  • Лазарова-Никовска, А. и З. Танески. 2013. Ономатопејата во литературата за мали деца: англиско-македонски споредби. Спектар 61:103-115. (рецензирано меѓународно).
  • Танески З. и А. Лазарова-Никовска. 2013. Дискурсивноста и комуникативноста на рекламните текстови на осигурателните компании во Македонија. Македонски јазик. Институт за македонски јазик., стр. 93-103. (рецензирано меѓународно)
  • Лазарова-Никовска, А. 2013. Улогата на електронските ресурси во наставата по странски јазици на универзитетско ниво. Зборник на трудовови од меѓународна конференција Електронските ресурси и филолошките студии, УКИМ, Скопје., стр. 350-363.
  • Лазарова-Никовска, А. 2012. За критичниот период во изучувањето на јазикот Литературен збор, vol. 4-6:61-76. Институтот за македонски јазик.
  • Лазарова-Никовска, А. и Љ. Кардалеска. 2011. Јазичен пуризам и јазична   глобализација врз примери од македонскиот современ јазик.  Јазикот наш денешен 20:101-111. Институт за македонски јазик.
  • Лазарова-Никовска, А. и В. Димова. 2011. Употреба на  ИК - технологијата во наставата по јазик. Прирачник за наставата по немајчин јазик за наставниците во основното, средното и високото образование, Британски совет, Македонија, стр.72-78.
  • Лазарова-Никовска, А. и Љ. Кардалеска. 2011. ,,Лингвисти во бизнис секторот’’. Стручен текст во Капитал (Едукација), ст. 46.
  •  Lazarova-Nikovska, A. 2004. ‘Différence de Rythme: L’adulte Acquiert-t-il Plus Rapidement que L’enfant?’ (‘The Rate Difference Revisited: Are Adults Faster than Children?’). Acquisition et Interaction en Langue Étrangère 20: 13-51. (peer-reviewed, international)

 Lazarova-Nikovska, A. 2003. ‘On Interrogative Sentences in Macedonian: A Generative Perspective.’ RCEAL Working Papers in English and Applied Linguistics 9: 129-59, University of Cambridge, UK


Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?