Виш лектор м-р Наташа Алексоска Факултет за странски јазици

  • Функција: Виш лектор
  • Образование:
  • Предмети: Современ француски јазик Б1-Б6/Ц1-Ц4, 1-2 Современ шпански јазик Б1-Б6/Ц1-Ц4, 1-2 Деловен француски јазик 1-2,3-4, Деловен шпански јазик 1-2,3-4, Француска цивилизација, Шпанска цивилизација

Име и презиме:

Виш лектор м-р Наташа Алексоска

 

Кратко наративно био:

Дипломирав како професор по француски јазик и книжевност со англиски јазик и книжевност (наставна насока) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје со пофалница „Блаже Конески” за врвни академски резултати. Учествував два пати во “Campus Européen LETFIS” на  „Université Paris IV Sorbonne” (INALCO) во соработка со ГДП на Европската Комисија во Париз (Франција).

Магистрирав “Странски јазици, меѓународна трговија: Европска Унија” на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Скопје (Македонија) во соработка со „Université Rennes II” од Рен, Бретања (Франција). Завршив практика за професионален развој и истражување во департманот за макетинг и комерција на CETELEM Banque (BNP PARIBAS Groupe) во Пиреј/Атина (Грција) и студиска посета со цел продлабоченo запознавање со внатрешните механизми на институциите на ЕУ во Брисел во организација на „Université Louvain-la-Neuve” и AUEL (Белгија). Бев добитник на стипендија од „University of Sheffield (UK) CITY International College” за маркетинг модулот ˮPublic Relations: Strategies and Tactics” во рамки на Академијата за менаџери. Освоив Еразмус грант преку Програмата за доживотно учење (LLP) за „Европска мобилност во високото образование” од Европскиот центар за развој на вокациски тренинг (CEDEFOP) организиран во Виена од Федералното министерство за наука и истражување на Австрија (BMWFW) и ГД за образование и култура на Европската комисија.

Повторно магистрирав во областа на општата и испанската лингвистика (DEA) на  „Universidad de Zaragoza” во Сарагоса, Арагон (Шпанија). Два пати освоив стипендија за напреден модул за шпански јазик, литература, уметност и општество на „Universidad de Complutense” во Мадрид од Агенцијата за меѓународна соработка и развој (AECID) на Министерството за надворешни работи на Кралство Шпанија. Пријавив докторска дисертација од областа на модалноста во романските јазици.

Имам учествувано во научно-истражувачки проект и бројни конференции, симпозиуми, семинари, обуки, работилници на национално и меѓународно ниво. Имам објавени научни и стручни трудови. Член сум на ЗПФЈРМ, ИСИЕ итн.

Од 2006 работам како виш лектор на додипломски и постдипломски студии. Бев вклучена во повеќе универзитетски тела, координирав договори за меѓународна соработка и заеднички студиски и предметни програми, организирав серија домашни и странски гостувања на експерти од дипломатските мисии, НВО и бизнис секторот, бев дел од организацискиот одбор на меѓународна конференција, коорганизатор на студентска посета во странство, организатор на практики и огромен квантум вон-наставни активности. Администратор сум на блогот и на ФБ групата на Факултетот за странски јазици. 

 

Предмети кои сте ги предавале и предавате во моментов:

Современ француски јазик Б1-Б6/Ц1-Ц4, 1-2
Современ шпански јазик Б1-Б6/Ц1-Ц4, 1-2
Деловен француски јазик 1-2, 3-4
Деловен шпански јазик 1-2, 3-4
Француска цивилизација,
Шпанска цивилизација

 

Теми и области во кои менторирате дипломски и магистерски трудови:

Претседател или член на комисии за одбрана на магистерски/дипломски трудови од сферата на општа и применета лингвистика, цивилизација, странски јазици и бизнис.

 

Истражувачки интерес:

Моите примарни научни интереси гравитираат околу општата и применетата лингвистика со фокус на современиот француски и шпански јазик.

 

Објавени трудови: текстови во академски списанија, во зборници или објавени книги

“Меѓународна мобилност за поголем квалитет во високото образование”
Зборник од Регионалната конференција за високо образование “Квалитет на оценување, квалификации и евалуација во високото образование”, Универзитет на Југоисточна Европа, Тетово, 2014, стр. 120-131
“Ефектите од рано усвојување на втор (француски) јазик – иницијална фаза” 
Зборник од III mеѓународната конференција “Знаењето- капитал на иднината”, Банско 2014, стр.101-105
“Синтаксички и дистрибутивни својства на прилошкиот израз од епистемичка модалност a lo major во современиот шпански јазик” 
Зборник ПЈЈП од Меѓународната научна конференција за применета лингвистика, Факултет за применети странски јазици, ФОН Универзитет, Скопје 2014, стр. 63-70     
“Преглед на проектите за обединување на Европа до визијата на Виктор Иго за Соединети Европски Држави (СЕД)” 
Eurodialogue – Journal for European Affairs, No 18, CRIS Studiorum, Скопје 2013, стр. 9-25 / 147-159 
“Поврзаност помеѓу усогласувањето на времињата и плановите на нарација во современиот француски јазик”
Зборник од Научниот собир „Денови на Благоја Корубин”, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков”, Скопје, 2013 
“Вербалната учтивост според модерните прагмалингвистички теории”
Зборник од Научниот собир „Денови на Благоја Корубин”, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков”, Скопје, 2011, стр. 251-262.
“Основни техники за ‘Фокус на Формата’ (FonF) во наставата по странски јазици”
Литературен збор, No 4–6, Скопје 2010, стр. 147–151. 
“Коментар на расказот `Континуираност на парковите` од Хулио Кортасар”
Литературен збор, No 1–3, Скопје 2010, стр. 113–121. 

 

 


Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?