виш лек. м-р Елена Танева
Факултет за странски јазици
Функција:
Јазици
Образование:
Предмети:
Кратко наративно био:
Во 2003 година дипломира на наставната насока на Катедрата за германски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, стекнувајќи се со звање дипломиран професор по германски јазик и книжевност со албански јазик и книжевност. Во 2018 година ја одбранува магистерската теза под наслов „Сврзници со копулативна и адверсативна функција во делото ’Процес‘ од Франц Кафка и нивните преводни еквиваленти во англискиот и македонскиот јазик“, по што се стекнува со научниот степен магистер по применета лингвистика. Од 2003 до 2005 година работи како помлад асистент на ММ-Колеџот во Скопје, каде што изведува настава по германски јазик на Филолошкиот факултет, како и на нематичните факултети. Од 2005 година, на Универзитетот ФОН изведува настава на нематичните факултети, но најголемиот дел од работното искуство опфаќа ангажман на матичниот факултет – Факултетот за странски јазици. На овој Факултет има држено настава по Германски јазик 1–6 (Јазик Б); Германски јазик 1–4 (јазик Ц); Германска цивилизација; Деловен превод од германски на македонски јазик и обратно (1 и 2); Деловен германски јазик (1 и 2); Деловен двонасочен превод од германски на македонски јазик. Од 2009 година изведува настава и на постдипломските студии за нематичните факултети при Универзитетот ФОН, а од 2013 година изведува и настава за предметите Деловен германски јазик 3 и 4 на вториот циклус на студии на Факултетот за странски јазици. Од 2007 година е целосно одговорна за изработката на наставни и предметни програми од областа на германскиот јазик за сите факултети при Универзитетот ФОН.
Предмети кои ги предава/лa:
- Германски јазик Б1-Б6;
- Германски јазик Ц1-Ц4;
- Германска цивилизација Деловен германски јазик 1-4; Германски јазик 1-2 (нематични факултети);
- Деловен превод од германски на македонски јазик и обратно (1 и 2);
- Деловен двонасочен превод од германски на македонски јазик;
- Германски јазик во струка (за соодветните нематични факултети)
Теми и области во кои менторира дипломски работи и магистерски трудови:
Современ германски јазик; Германска цивилизација; компаративни тези од областа на литературата (во комбинација со дела/автори од англиско јазично говорно подрачје)
Истражувачки интерес:
Истражувачките интереси се од следните области: Германистика: морфосинтакса, контрастивна анализа; Применета лингвистика; Преведување: германски-македонски-англиски јазик
Објавени трудови:
- Taneva, Elena: "Bilingualism and multilingualism in students born and raised in German-speaking territories (Limited to students enrolled from 2008-2013 at the Faculty of Foreign Languages - FON University)", Knowledge International Journal; 9-та меѓународна научна конференција, Институт за менаџмент на знаење, Скопје, јуни 2016
- Јанкуловска, Ана; Тодоровска, Александра; Танева, Елена: Одговори на комплименти во македонскиот јазик, Литературен збор, 1-3, Скопје 2015 (стр. 61-76)
- Живковиќ, Ивана; Танева, Елена: Политичка култура - анализа на изборниот јазик, ФОН Универзитет, 2008