м-р Искра Стаменковска Факултет за странски јазици

  • Функција: Доцент
  • Образование:
  • Предмети:

Име и презиме:

Доц. д-р Искра Стаменкоска

 

Кратко наративно био:

Основно и дел од средно образование завршив во Скопје. Четврта година од средно училиште завршив во Вашингтон, САД. Дипломирав како професор по англиски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на УКИМ во Скопје во 2001 година. Постдипломските студии по применета лингвистика ги завршив во 2011 година, со успешно одбранет магистерски труд на тема: „Диктатот како техника за усовршување на севкупните јазични способности“. Докторската дисертација на тема „Следење и формативно оценување на јазичната компетенција во англискиот јазик како странски јазик преку традиционалните методи на оценување наспроти употребата на портфолио“ ја одбранив во 2018 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Во 2013 година ја добив стипендијата Junior Faculty Development Program, под покровителство на Американските совети и Американскиот Стејт Департмент. Поминав еден семестар на Државниот универзитет во Ајова како гостин професор/истражувач. Во рамките на овој студиски престој посетував низа предмети на докторските студии на катедрата по лингвистика, со главен фокус на оценување на јазичните вештини и развивање на наставни програми.

Во 2016 и 2017 посетував напредна обука за наставници по англиски јазик и обучувачи, и се стекнав со дипломата Делта Кембриџ (Diploma in Teaching English to Speakers of Other Languages), издадена од Cambridge English, одделот за тестирање и сертифицирање при Универзитетот Кембриџ. 

Работам на Универзитетот ФОН од неговото основање во 2003 година. На почетокот како лектор по Современ англиски јазик, а од 2018 како доцент на Факултетот за странски јазици.

Во моментов ги извршувам функциите Претседател на универзитетската комисија за самоевалуација и член на Сенатот на Универзитет ФОН. 

Активно учествувам во унапредувањето и на неформалното образование. Во периодот од 2013 до 2015 бев модератор на серија работилници за развивање на вештините за пишување во Американското Катче во Скопје. Од 2015 до 2018 бев раководител на проектот Graphic Novels 101 во кој учествуваа околу 80 средношколци од Скопје. Во 2018 година држев шестнеделна обука на тема оценување на јазичните компетенции, која беше наменета за наставниците по англиски јазик во Македонија. Во 2019 и 2020 година бев дел од програмата за обука на наставници по англиски јазик во Република Тунис, во организација на Британскиот совет. Од 2019 година држам онлајн обуки за наставници по англиски јазик преку NILE - специјализираниот институт за педагошки развој во Британија.

 

Предмети кои сте ги предавале и предавате во моментов:

Прв циклус:

Современ англиски јазик 3 и 4

Современ англиски јазик 5 и 6

Методика на наставата по англиски јазик 1

Методика на наставата по англиски јазик 2

Методика на наставата по англиски јазик – практикум

Втор циклус:

Наставни програми и помагала

 

Теми и области во кои менторирате дипломски работи и магистерски трудови:

Методика на наставата по англиски јазик

Усвојување на втор/странски јазик

 

Истражувачки интерес:

Оценување на втор/странски јазик

Иновативни приоди во наставата по странски јазик
 
Тековни и изминати проекти:
 
„Графички романи 101“ -  проект спонзориран од Американската амбасада во Скопје и РЕЛО Будимпешта.
„Сонуваме и другаруваме“ - 
Истражувачки проект спонзориран од Американскиот Стејт Департмент 
„Ефектот на изучување странски јазик во предучилишна и раноучилишна возраст“ – Министерство за образование и наука и ФОН Универзитет
„Воведување методологија за изучување на втор јазик“ – Британски совет на Р. Македонија, Министерство за образование и наука и ОБСЕ. 
 

Објавени трудови: текстови во академски списанија, во зборници или објавени книги

Stamenkoska, I. Popovski-Golubovikj. (2019). On Students’ Perceptions About Graphic Novels in an EFL Learning Context – Evaluation of an Experimental Program. Journal of Applied Languages and Linguistics, 3(2). (Peer-reviewed, international board)

Stamenkoska, I. Popovski-Golubovikj. (2019). Making reading visible: graphic novels in the EFL classroom. TESOL Connections, 1-7.

Stamenkoska, I. (2018). On Students’ Perception About Self-Assessment and Peer-Assessment as Part of a Portfolio Assessment Model. Journal of Applied Languages and Linguistics, 2(1), pp.32-41.

Stamenkoska, I. (2018). Idioms in the EFL Classroom. Horizonti Journal, Series A. St. Kliment Ohidski University of Bitola.  (Peer-reviewed, international board)

Stamenkoska, I. (2017). Using Pre-Reading Strategies with EFL Students to Facilitate Successful Reading Comprehension. ELTA Journal- An Interdisciplinary Journal of EFL Practice & Research, 5(5), 2334-9662, 97-106.  (Peer-reviewed, international board)

Lazarova, A., Kardaleska, Lj. & Stamenkoska, I. (2014). On parents’ beliefs about early second language acquisition. ELLSEE Proceedings. 4th International Conference of English Language and Literature Studies: Embracing Edges. English Department, Faculty of Philology, University of Belgrade. pp. 221-233. (Peer-reviewed, international board)

Jakimova, G., Nikoloska, N., Panova, B. & Stamenkoska, I. (2010). Assessment of L2 Skills. Improving Second Language Teaching Methodology (British Council Macedonia). National Guidebook for Language Teaching. pp. 79-94.


Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?