X
press enter »
MK
EN
проф. м-р Антонио Аранѓеловиќ
Факултет за дизајн и мултимедија

Функција: Дизајн
Образование:
Предмети:


Кратко наративно био: 

Антонио Аранѓеловиќ е роден во Скопје, Македонија на 23.02.1986. Завршува средно уметничко училиште Д.С.У.П.У. „Лазар Личеновски“ на отсекот Графика во Скопје во 2004. На Ликовната Академија во Скопје се запишува во 2006 година, дипломира во 2010, а магистрира во 2014 во областа Графика. Од рана возраст се занимава со ликовна уметност, стрип, анимација, музика и графички дизајн. До сега има три самостојни изложби, многубројни групни изложби, издадено 4 стрип албуми и една графичка новела, два краткометражни анимирани цртани филмови со кои има учествувано на неколку фестивали, има издизајнирано повеќето насловни страни на книги, кавери за музички албуми, корпоративни идентитети, илустрации за книги, 10ина музички албуми итн.

Од 2015 работи како Професор на Факултетот за Дизајн и мултимедија при АУЕ-ФОН Универзитетот.

Предмети кои ги предава/л:

Покрај матичните предмети кои му се доделени од почетокот на образовната кариера, па до денес, а тоа се: Техники на цртање 1, Техники на цртање 2, Графички дизајн 1 и Графички дизајн 2, Сториборд, Стрип дизајн, Графички дизајн-напредно ниво 2, ги предава и предметите: Ликовна естетика во дизајнот, Подготовки за печат и Дизајн на подвижна слика. Од 2015 до 2019 ги држи и предметите Ликовно изразување 1 и 2, кои се дел од програмата на Архитектонскиот Факултет при АЕУ-ФОН Универзитетот.

Теми и области во кои менторира дипломски работи и магистерски трудови:

Теми од областа на графичкиот дизајн: визуелен идентитет, илустрација, стрип итн...

Истражувачки интерес: 

Цртање, стрип, традиционална и дигитална графика, видео арт, музика, илустрација, концепт арт итн...

Објавени трудови: 

2010 – стрип: Фацизам 1

2011 – стрип: Фацизам 2

2012 – стрип: Фацизам 3

2016 - музички албум: Легијата – Легијата на Проколнатите (тотал дизајн)

2017 – стрип: Фацизам 4

2019 – графичка новела: Некои мали нешта

1998 – групна изложба на приватната сликарска школа ,,Дега’’

2010 – Групна изложба на Остен, Скопје

2011 – Самостојна изложба на графики, цртежи и слики во МКЦ, Скопје

2012 – учество на Ликовна колонија во Плав, Црна Гора

2012 – групна изложба на слики во Нови Пазар, Србија

2012 – изложба на цртежи и слики во Јапонски дух, МКЦ, Скопје

2013 – учество на Стрип изложба и презентација на Фацизам 1, 2 и 3 на Стрип Фестивалот во Лесковац, Србија

2013 – Самостојна изложба на традиционални графики во Графичко Студио, Музеј на Град Скопје

2013 – учество на ликовната графичка колонија ,,Софија’’, Богданци

2013 – групна изложба на графики во Музеј на Град Скопје

2014 – групна изложба на цртежи, слики и графики во К.И.Ц., Скопје

2014 – учество на фестивал за анимација со краткометражниот цртан филм ,,Empty Mind’’ на BALKANIMA FEST, Белград, Србија

2014 – учество на Скопскиот Филмски фестивал CINEDAYS со краткометражниот цртан филм ,,Empty Mind”

2015 – учество на Ликовна колонија во Плав, Црна Гора

2015 – групна илзожба на слики во Плав, Црна Гора

2016 – 27 Европско првенство во Кендо (тотал дизајн на плакат, лого, каталог, медал и останато)

2016 – учество и ангажман за конкурсот за студентски плакат на тема ,,Република Македонија како туристичка дестинација’’ под проектот ,,Полска школа на плакат’’

2017 – самостојна изложба на традиционални графики и цртежи ,,Чиј е мојот град?’’ во Музеј на град Скопје

2017 – групна изложба на Реборн во Музеј Дебар Маало

2018 – групна изложба ,,Донирај Уметност’’ во Културно Информативен Центар, Скопје