проф. д-р Никола Попоски Факултет за економски науки

  • Функција: Декан
  • Образование:
  • Предмети:

Научна област: Економија, Јавни финансии, Развој на економската мисла, Современи економски теории, Економски развој.

Е-маил: nikola.popovski@fon.edu.mk

Име и презиме

 

Проф. др. Никола Поповски

Кратко наративно био

 

Роден во Скопје каде завршува основно училиште и гимназија. Дипломира со висок успех на Eкономскиот факултет при УКИМ, а подоцна завршува постипломски студии и магистрира и докторира на истиот универзитет во областа на економскиот развој и структурните економски проблеми. Бил на студиски престој на престижниот Georgetown University во САД. Работел во Министерството за развој. Извршувал повеќе високи државни должности меѓу кои и Претседател на Собранието на Македонија и Министер за финансии во Владата на Македонија. Член на неколку значајни општествени и државни совети и тела од областа на економската политика и развојот. Професор и соработник е на постдипломските и докторски студии на Европскиот центар за мир и развој (ECPD) при Универзитетот за мир на ООН. Член е на НО на РБСМ.

Предмети кои сте ги предавале и предавате во моментов

 

Прв циклус на студии:

Основи на економијата;

Јавни финансии;

Микроекономија;

Локални финансии;

Развој на економската мисла;

Е-општество;

Втор циклус на студии:

Современи економски теории;

Економија на развојот;

Меѓународен монетарен систем;

Теми и области во кои менторирате дипломски работи и магистерски трудови

 

Основи на економијата, јавни и локални финансии, економски развој и пошироко теми од макроекономијата.

Истражувачки интерес

 

Областите на макроекономски и развојни проблеми, прашањата на јавните финансии и теоретски проблеми на економската наука.

Објавени трудови

 

Објавени 7 книги од кои 3 универзитетски учебници и 4 научни книги од широката област на макроекономијата. Објавени над 50 научни трудови во странски и домашни научни списанија на англиски и македонски јазик.


Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?