проф. д-р Мимоза Клековска Архитектонски факултет

  • Образование:
  • Предмети:

Име и презиме: 

вонр. проф. д-р Мимоза Клековска

 

Кратко наративно био:

Докторска теза ја одбранив на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Технички факултет, Битола, 2009-2013 (ментор проф. Игор Неделковски), и е од областа на графичко инженерство, под назив: “Развој на метод за препознавање писма со примена врз црковнословенска кирилска азбука“, каде продлабочено се изучуваат основните геометриски форми и можностите за нивна трансформација во величини, погодни за алгоритамска обработка во компјутерски апликации. Изработен е оригинален софтвер за препознавање форми (букви) со примена на Fuzzy логика.

 Магистерската работа е од областа на компјутерската графика, а ја изработував на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на факултетот за Електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), тогашен Eлектротехнички факултет, 1989-1993 (ментор: проф. Драган Михајлов), под назив: "Геометриска анализа на црковнословенска азбука за нејзина примена во компјутерски апликации", каде со примена на повеќе компјутерски апликации е изработен фонт што сѐуште се користи за цитати на стари ракописи во електронска форма.

Дипломирав на Архитектонски факултет исто така при Универзитетот „СВ. Кирил и Методиј“ - Скопје, Архитектонски факултет, насока урбанизам, 1984 – 1989 (ментор: проф. Муличкоски), дипломска работа на тема: Урбанистичко-архитектонски проект за наставно-научен комплекс во Сирхан, Преспанско

Автор сум на научни и стручни трудови,објавени во интернационални списанија и зборници од меѓународни конференции или поглавје од книга, од области на графичко инженерство, расчитување на букви, вештачка интелигенција. Имам искуство како во бизнис секторот, така и во образовната дејност за предмети што се во областите на дигитална форензика, нацртна геометрија, урбанизам, историја на архитектура и урбанизам... Поседувам лиценца од Б за архитектонско проектирање.

Член сум на Сенатот на Универзитетот ФОН.

 

Предмети кои сте ги предавале и предавате во моментов:

Прв циклус на студии

  1. Нацртна геометрија со перспектива, задолжителен предмет во прв семестар според стара наставна програма
  2. Нацртна геометрија, задолжителен предмет во прв семестар според нова наставна програма
  3. Перспектива, изборен предмет во втор семестар, според нова наставна програма
  4. Основи на Урбанизам 1, задолжителен предмет во трет семестар
  5. Основи на Урбанизам 2/Урбанистичко планирање, задолжителен предмет во четврти семестар
  6. Историја на архитектура 3/2, задолжителен предмет во четврти семестар
  7. Историја на архитектура 4 (Модерна и современа архитектура), задолжителен предмет во петти семестар
  8. Инсталации 1, задолжителен предмет во четврти/шести семестар
  9. Урбанистичко обликување, задолжителен предмет во петти семестар
  10. Проектирање стопански објекти

Втор циклус на студии

  1. Урбанистичко студио,
  2. Одбрани делови од урбанистичко проектирање
  3. Одбрани делови од урбанистичко планирање
  4. Инсталации 2
  5. Интегративно студио 1/2
  6. Пејсажна архитектура/Одбрани делови од пејсажна архитектура
  7. Теорија на архитектура
  8. Теорија на архитектонски форми
  9. Одбрани теми од објекти за трговија и транспорт
  10. Стопански објекти 2

 

Теми и области во кои менторирате дипломски работи и магистерски трудови:

Како ментор, претседател или член во изработката на повеќе дипломски работи, а и во неколку магистерски трудови, што се однесуваат на заживување на урбани комплекси, изградба на атрактивни туристички населби и сл.

 

Истражувачки интерес:

Поле на мој научно-истражувачки интерес се вештачка интелигенција, компјутерско препознавање геометриски  и графички рачно исцртани/напишани форми,  примена на информатичката технологија во едукацијата, дигитална форензика.

 

Објавени трудови:

M. Majstoroska "A ChurchSlavonic Alphabet for reprinting Old Manuscripts Using a Microcomputer", Proceedings of 1st Int. Conf. on Computer Processing of Medieval Slavic Manuscripts, Blagoevgrad, Bulgaria, pp.103-113, (1995) (и учество на конференција)

M. Klekovska, I. Nedelkovski, V.S. Antic, D. Mihajlov, Automatic Letter Style Recognition of Church Slavic Manuscripts, Proceed. of Int. Scientific Conf. on Information Communication and Energy Systems and Technologies, Veliko Trnovo, Bulgaria, pp.221-224, (2009) (и учество на конференција)

м-р Мимоза Клековска, Од културната традиција во Битола, Зборник на трудови од Меѓународниот научен собир, Битола, стр.213-224, (2009) (и учество на конференција)

Martinovska, C., Nedelkovski, I., Klekovska, M., Kaevski, D.: Fuzzy Classifier for Church Slavic Handwritten Characters, Proc. of 14th Int. Conf. on Enterprise Information Systems, Wroclaw, Poland, pp.310-313 (2012) (и учество на конференција)

Martinovska, C., Nedelkovski, I., Klekovska, M., Kaevski, D.: Recognition of Old Cyrillic Slavic Letters: Decision Tree versus Fuzzy Classifier Experiments. In: Yager, R.R., V. Sgurev and M. Hadjiski, (Eds.) Proc. 6th IEEE Int. Conf. on Intelligent Systems 2012, vol. I, Sofia, Bulgaria, pp. 48-53 (2012) (и учество на конференција)

M. Klekovska, C. Martinovska, I. Nedelkovski, D. Kaevski, Comparison of Models for Recognition of Old Slavic Letters, Book of abstracts, ICT Innovations Conference 2012, Ohrid, Macedonia, 2012, pp.85-86 (и учество на конференција)

M. Klekovska, C. Martinovska, I. Nedelkovski, D. Kaevski, Comparison of Models for Recognition of Old Slavic Letters, Advances in Intelligent Systems and Computing 207, ICT Innovations 2012 – Secure and Intelligent Systems, Springer, pp.129-139 (2013) (Book chapter)

Klekovska Mimoza and Martinovska Bande Cveta (2014) Harmonic proportions as an important element in recognition of stylish properties from the contours of the Church Slavic alphabet letters. In: 4th International Scientific Conference, The Science and the Social Development, 9 May 2014, Skopje, Macedonia. pp.1137-1152 ISBN: 978-608-4574-62-0 (и учество на конференција)

М.Клековска, Ц. Мартиновска, Одредување на личниот идентитет врз основа на ракописот како биометриска идентификација, II меѓународна конференција 2014, Универзитет Евро-Балкан, 2014, (и учество на конференција)

C. M. Bande, M. Klekovska, I. Nedelkovski, D. Kaevski, Feature Selection for Classification of Old Slavic Letters, Control Engineering and Applied Informatics, 2014, vol. 16, No.4, pp.81-90 (2014) (IF (2013)=0.228)

Martinovska, Cveta and Klekovska, Mimoza and Nedelkovski, Igor and Kaevski, Dragan, Methodologies for recognition of old Slavic Cyrillic characters. International Journal of Computational Intelligence Studies, 2 (3/4). pp. 264-287. ISSN 1755-4977. (2013)

Cveta Martinovska Bande, Mimoza Klekovska, Igor Nedelkovski, Dragan Kaevski Recognition features for Old Slavic letters: Macedonian versus Bosnian alphabet, International Journal of Scientific and Research Publications (IJSRP), Vol. 5, Issue 12, ISSN 2250-3153, pp. 145-153. (2015)

M. Klekovska, C. Martinovska Bande, Computer Support in Graphic Educational Subjects, X Int.Conf.of Information Technology and Development of Education ITRO (10 ; 2019 ; Zrenjanin) Proceedings of papers; ISBN 978-86-7672-322-5, p.p. 57-61 (2019).

 

 


Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?