доц. м-р Арбреша Ибрахими Архитектонски факултет

  • Функција: Доцент
  • Образование:
  • Предмети:

Име и презиме:

Арбреша Ибрахими, доц. м-р инженер архитект

 

Кратко наративно био:

Јас сум родена во Скопје, на 8 Мај 1990. Во 2004 година завршив средно образование при Средното училиште "Гостивар", Гостивар, во отсек на природни науки, комбинација А – математика. Во истата година запишав тригоднишни студии на Факултет за применети науки на студиска програма Архитектура во Државениот  Универзитет во Тетово – Тетово, каде се стекнав со звање Baccalaureus на проектирање во 2012 година по успешно одбрана на темата: "Современа уметничка галерија- Скопје", под менторство на проф. д-р Кујтим Елези. Во истата година продолжив со магистерските студии на Архитектонскиот факултет, при УКИМ, Скопје. Во 2014 година успешно ја одбанив магистерскиот труд на темата "Архитектура во природата и природата во архитектурата – Културен едукативен парк - Аквадуктот, Скопје ", под менторство на проф. д-р Митко Хаџи Пуља, и се стекнав со звање Магистер Инженер Архитект. Во Октомври 2017, се запишав на тригодишни докторски студии на Архитектонски факултет при Универзитеот на Љубљана во Љубљана, Словенија. Истражувањето е во процес во полето на архитектонскиот дизајн,со потесна област на истражување во архитектонската и урбаната социологија.
Во 2017 година добив целосна стипендија за докторските студии од Министерството за образованиеја во Словенија. 
Во 2019 и 2020 година добив стипендија од Министерството за Култура на Република Северна Македонија во конкурсот  “за поддршка на стручно усовршување на талентирани уметници и дефицитарни стручни кадри во областа на театарот, музиката, танцот, литературата, визуелните уметности, архитектурата и дизајнот и заштитата на недвижното, движното и нематеријалното културно наследство”. 
Моите амбиции ми овозможуваат да бидам сертифицирана за учество на разни конференции и курсеви што се одвиваат внатре и надвор од земјата, како што се “SHARE –Skopje 2017,2019,2020 - International architecture and engineering forum“, “The architectural imagination” - Harvard University -Graduate School of Design, Cambridge (USA), “Behind the scenes at the 21st century museums” - The University of Leicester, Leicester, (UK) и други. 
Во текот на студиите, учествував во голем број на изложби, конкурси и проекти, а во БИСТА 2014 учествував со два проекти како преставник на  Факултетот за применети науки во Државен Универзитет во Тетово – Тетово и како престваник на Архитектонскиот факултет, при УКИМ, Скопје. 
Во Фебруар, 2015 година, започнав со работа на позицијата архитект, во архитектонското студио за проектирање и ентериер “LD Studio”. Во Ноемви 2015 година, започнав со работа на Архитектонскиот факултет, на Прв приватен универзитет, ФОН, на позицијата архитект – соработник. Во 2016 година, се избрав за  помлад асистент во областа на архитектонски проектирање и дизајн, а во 2017 година добив звање на доцент магистер по истата област. Од 2017 година сум член на Здружението на архитектите на Македонија.Мајчин јазик ми е албанскиот јазик,  на одличен ниво ја говорам англискиот и македонскиот јазик, а на елементарен ниво ја познавам турскиот и германскиот јазик.

 

Предмети кои сте ги предавале и предавате во моментов:

Во академската година 2015-16 бев асистент на предметите по Проектирање на општествени објекти 1, 2, 3, 4, 5и 6, Архитектонска практика 1,2 и 3 асистент и по предметите на Историја на архитектура 1,2,3 ,4 а истотака асистирав и по вежбите на Внатрешно уредување - Ентериер 2, Архитектонско студио – Внатрешно уредување 2, Изборниот проект и на предметот Проектирање на станбени објекти 4. Во периодот како помлад асистет во академската гидина 2016-17 бев асиситетнт на предметите по Проектирање на општествени објекти 1,2,3,4,5 и 6, Архитектонска практирка 1,2 и 3, Архитектонско студио – општествни објекти 3 и по предметите Историја на архитектура 1,2,3 и 4.  Од 2017 сум одговонра за реализирање на наставата (предавање и вежби) по предметит Елементи на архитектонско проектирање, Архитектонско проектирање на општествените објекти 1 и2 , Архитектонско студио- општествени објекти 4, Архитектонска практика 2, Одбрани теми од објекти со масовна посетеност и Одбрани теми од општествени објекти. 

 

Теми и области во кои менторирате дипломски работи и магистерски трудови:

Од 2017 сум ментор на дипломските и магистерските трудови, под областа на Архитектонско проектирање на општествени објекти.  Темите се повеќе од подобласта на административни, деловни, трговски, културни,  училишни, спортски и здраствени објекти. 

 

Истражувачки интерес:

Мојата истражувачка дејност е од областа на архитектонски принципи и композици на општествените објекти, поточно на културните објекти – музеите. 
Моментално истражувам на конвертирање на идентитетот како елемент, принцип и процес на архитектонско проектирање на музеите, и користење на музејските принципи и композиции како генератор на архитектонскиот, урбаниот и социалниот идентиет.

 

Објавени трудови: текстови во академски списанија, во зборници или објавени книги

Velkova,A. , Ibrahimi,A. (2019), Guiding principles for future development of clinical hospital design, Vision Magazine , (33),443-442

Ibrahimi, A., Zupančič, T., Lah, L. (2019). The Law on Museums as a contributor to degradation of museums in the Republic of North Macedonia. Igra ustvarjalnosti - Creativity Game, (7), 76-84. https://dx.doi.org/10.15292/IU-CG.2018.06.076-084


Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?