доц. м-р Јасна Грујоска Архитектонски факултет

  • Функција: Доцент
  • Образование:
  • Предмети:

Име и презиме:

Доц. м-р. Јасна Грујоска

 

Кратко наративно био:

Родена на 22.03.1988 год. во Струга, 
Р. Македонија. 
Средното образование го завршувам во ДСУ “Нико Нестор“, Струга. 
Образованието го продолжувам на Архитектонскиот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.  Во 2012 година ги завршувам петогодишните студии, со успешна одбрана на дипломскиот труд на тема: ,,Повеќесемејна станбена зграда – куќа на новата колективност“ при што се стекнувам со  звање Дипломиран  инженер архитект. 
Своето професионално искуство како архитект и надзорен инженер го стекнувам работејќи на бројни проекти за станбени и деловни објекти, во проектантската фирма ,,Пеком“, Струга, во континуитет, од 2012 година. Со стекнување на потребните овластувања за проектирање и надзор, станувам член на Комората за овластени архитекти и инженери. 
Магистерските студии ги започнувам во 2014 година на Градежниот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, смер - конструктивна насока. Во 2016 година со одбрана на магистерскиот труд на тема: ,,Примена на отпадно стакло како агрегат во бетонот“ се стекнувам со звање Магистер по технички науки од областа на градежништвото. 
Во 2016 година се приклучувам на Архитектонскиот факултет при ФОН Универзитетот во Скопје, како стручен соработник.
Избрана сум за асистент на иститот факултет во 2017 година, додека со академската титула - Доцент од областа на архитектонското проектирање и дизајн се стекнувам во 2018 година.
Воедно учествувам и во организацијата на архитектонските изложби и работилници, наменети за студентите. 
Докториските студии ги започнувам во 2018 година на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија во Скопје, со поле на истражување- заштита на објекти од културно наследство. 

 

 

Предмети кои сте ги предавале и предавате во моментов:

- Архитектонско проектирање на станбени објекти 1

- Внатрешна архитектура 1

- Внатрешна архитектура 2

- Интегративно студио 1

- Одбрани теми од напредно архитектонско проектирање

- Селектирани теми од ентериер

- Архитектонско студио – внатрешно уредување 1

- Архитектонско студио – внатрешно уредување 2

- Архитектонско проектирање на индустриски објекти 

 

Теми и области во кои менторирате дипломски работи и магистерски трудови:

Дипломските и магистерските трудови кои ги менторирам вклучуваат повеќе области на архитектонско проектирање, меѓу кои:  

- индивидуални станбени објекти (различни типологии на куќи);

- трговски центри;

- угостителски објекти;

- хотели;

- образовни објекти;

- деловни објекти;

 

Истражувачки интерес:

Предмет на интерес на мојата истражувачка работа се современите пристапи во архитектонското проектирање, имплементација на BIM технологиите, современите материјали и технологии на градење, како и принципите на одржлива архитектура. 
Актуелно подрачје од интерес за мојата истражувачка работа е и заштитата на историските објекти -културното наследство во нашата земја, кое што воедно претставува и предмет  на мојата докторска теза. 

 

 

Објавени трудови: текстови во академски списанија, во зборници или објавени книги:

Samardzioska, T., Grujoska, V.,

Grujoska, J., Moslavac, D.,“Use of waste glass as aggregate in concrete”, 1st International Conference on Construction Materials for Sustainable Future, Zadar, Croatia, 19.04 -21.04. 2017

Samardzioska, T., Grujoska, V.,

Grujoska, J., Moslavac, D., Donevska, K., 

“Effects of waste glass on properties of  hardened  concrete”, Scientific Journal of Civil Engineering, Volume 6, Issue 1, July 2017

Grujoska, V., Samardzioska, T.,

Grujoska, J., “Improvement of  Thermal Conductivity of  Mortars with Slag“ 18th International Symposium of MASE, Ohrid, Macedonia, 02th – 05th October 2019

Grujoska, V., Grujoska, J., Samardzioska, T., Jovanoska M., “Waste glass effects on fresh and hardened concrete“, 7th International Conference “Civil Engineering - Science and Practice”, Kolashin, Montenegro, 10th – 14th March 2020

 

 


Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?