X
press enter »
MK
EN
асс. м-р Белма Хаџикамбер
Факултет за економски науки

Функција: Економски
Образование:
Предмети:


Кратко наративно био:

Додипломските студии ги завршив на Економскиот факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје, а магистерските студии на  Економскиот факултет при Американскиот универзитет на Европа “ФОН” . Запишана сум на докторски студии на  Економскиот факултет при УКИМ, на студиската програма Економски науки.

Има работно искуство во јавниот, невладиниот и приватниот сектор.

Од 2016 година e ангажирана на  АУЕ-ФОН на Факултетот за економски науки, а во декември 2016 e избрана за соработник – асистент каде што работа до денешен ден.

Во рамките на АУЕ-ФОН, активно учествува во проектот “Фабрика на знаење”. Исто така, член e на Комисијата за трансфери на Факултетот за економски науки.

Има учествувано на повеќе семинари, обуки, конференции и проекти во нашата држава и надвор од неа. Меѓу позначајните се следните:

-Учество на вториот “Светски форум за демократија”, 2013 во Стразбур.

-Активно учество на “Oбука за обучувачи за човекови и малцински права”, 2014 во Берово.

-Активно учество во тридневен проект “Австриско- Македонски денови”, октомври 2014 и 2015 во Скопје.

-Учество на интернацонална конференција организирана од Европскиот форум Албах на тема “InEquality”, август 2015 во Албах, Австрија.

-Учество на интернацонална конференција организирана од Европскиот форум Албах на тема “New Enlightenment”, август 2016 во Албах, Австрија.

-Учество во проект за мобилност “Наставни методи во интеркултурни мешани области”, 2016 во Прага.

-Активно учество како модератор во дводневен проект, “Австриско- Македонски денови”, ноември 2017 во Скопје.

-Тренер на проект “Кариерно советување во младинска работа”, 2019 во Крушевац.

Како асистент на АУЕ-ФОН изведува вежби по повеќе предмети:

Основи на економија, применета економија, економика на инвестиции, основи на менаџмент, финансиски менаџмент,  претприемништво, менаџмент на човечки ресурси.

Истражувачки интереси: 

  1. Економија на трудот
  2. Финансии
  3. Макроекономија

Објавени трудови:

  1. Belma Hadjikamber, “Structural characteristics of unemployment in the Republic of North Macedonia”, 7th International Scientific & Professional Conference MEFkon 2021: “Innovation as an Initiator of the Development” International Conference Proceedings, Faculty of Applied Management, Economics and Finance, Belgrade, 2 december 2021, International Conference Proceedings, 2021, ISBN 978-86-84531-55-3;
  2. Belma Hadjikamber (co-author), “The rights of shareholders in the process of large makes”, Vizione, No.28/2017,  Open Access Journals, EBSCO (2014), ProQuest & Cite Factor, First Published in August 2004, ISSN: 1409-8962- printed form; ISSN 1857- 9221- electronic form, 371 pp, UDC: 347. 72. 031 ( 497. 7);
  3.  Belma Hadjikamber, “Labour market of the Republic of Macedonia, conditions and perspectives”, Vizione, No.26/2016,  Open Access Journals, EBSCO (2014), ProQuest & Cite Factor, First Published in August 2004, ISSN: 1409-8962- printed form; ISSN 1857- 9221- electronic form, 293 pp, UDC: 331.5 (497.7);
  4. Belma Hadjikamber (co-author), “Legal and taxation relation in the Macedonian tax-related legislation" Vizione, No.26/2016, Open Access Journals, EBSCO (2014), ProQuest & Cite Factor, First Published in August 2004, ISSN: 1409-8962- printed form; ISSN 1857- 9221- electronic form, 142 pp, UDC: 347. 73. 336. 22.