доц. д-р Анита Глигорова Факултет за правни и политички науки

  • Функција: Доцент, Политички
  • Образование:
  • Предмети:

Име и презиме:  Анита Глигорова

Кратко наративно био:

 

Додипломските студии ги завршив на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“во 2001 година. Во 2011 година го одбранив магистерскиот труд на тема: „Политиката на проширувањето на НАТО и односите со Република Македонија“ и се стекнав со научен степен магистер на политички науки од областа на Европската и меѓународната политика и дипломатија  на Факултетот за политички науки, дипломатија и новинарство на Универзитетот ФОН. Во 2017 година, на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ја одбранив докторската дисертација со наслов „Практикувањето на воените операции и цивилните мисии на Европската безбедносна и одбранбена политика и државите-кандидати за членство во Европската унија“ и се стекнав со научен степен доктор на политички науки.

Во 2018 година бев избрана во наставно-научно звање доцент од областите Меѓународни политички организации и Дипломатија на Факултетот за политички науки и дипломатија при ФОН Универзитетот.

Член сум на Сенатот на ФОН Универзитет, како и на неколку факултетски и универзитетски комисии и работни групи меѓу кои: Комисијата за самоевалуација на Факултетот за правни и политички науки при ФОН Универзитет; Комисијата за подготовка на елаборати за прв и втор циклус студии; и Универзитетската комисија за подготовка на елаборати за трет циклус студии.

Имам активно учествувано на повеќе меѓународни научни конференции.  Бев член на меѓународниот научен комитет на меѓународната конференција на АCEU (Alliance of Central-Eastern European Universities), „7-th Climate Change, Economic Development, Environment and People Conference“, одржана во Охрид во 2018.

Предмети кои сте ги предавале и предавате во моментов:

 

Историја на дипломатијата

Геополитика

Меѓународни организации

Теорија и практика на дипломатијата

Дипломатско конзуларни односи

Дипломатски протокол

Современа дипломатија

Меѓународна безбедност

Теми и области во кои менторирате дипломски работи и магистерски трудови:

 

  1. „Политиката на проширување на НАТО по Студената војна“ – дипломска работа, област Меѓународни организации
  2. „Новата методологија за проширување на Европската унија и нејзиното влијание врз државите-кандидати за членство во Унијата – специјалистички труд, област Меѓународни организации
  3. „Влијанието на нерешениот статус на МПЦ-ОА врз меѓународната положба на Македонската држава“ – магистерски труд, област Дипломатија

„Дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација по 1991 година“ – магистерски труд, област Дипломарија.

Истражувачки интерес:

 

Моите истражувачки интереси се од областа на Меѓународните политички организации, пред се меѓувладините политички организации, особено НАТО, Организацијата на Обединетите нации и Европската унија со фокус на Заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и воедно Заедничката безбедносна и одбранбена политика, како и меѓународната безбедност и геополитиката. 

Понатаму, моите истражувачки интереси се прошируваат во областа на Дипломатијата со со акцент на историјата на дипломатијата, теоријата и практиката на дипломатијата и современата дипломатија.

Објавени трудови:

 

  1. “EU Emmissions Trading Scheme: Recent Developments”, Vision International Scientific Journal, Volume 4, Issue 2, International Vision University-Institute of Social Sciences, Гостивар, 2019.
  2. “The Arbitration Commission and The Dissolution of the Yugoslav Federation”, Knowledge, International Journal Scientific Papers, Vol. 35.5, IKM, Скопје, 2019.
  3. “EU Cyber Defence Policy: Recent Developments”, Proceedings of the 8th International Scientific Conference on Climate Change, Economic Development, Environment and People (CCEDEP 2019), Novi Sad, 2019.
  4.  “Ecologic Cadastre: Comparative Overview of the EU and Macedonian Law, Proceedings of the 8th International Scientific Conference on Climate Change, Economic Development, Environment and People (CCEDEP 2019), Novi Sad, 2019.
  5. “The new EU Directive on Combatting Terrorism: a Critical Appraisal”, International Scientific Conference “Archibald Reiss Days”, Thematic Conference Proceedings of International Significance, University of Criminal Investigation and Police Studies, Belgrade, 2019.
  6. “Decision-making and planning of European Union’s peacekeeping missions”, International magazine for social sciences “Vizione”, 29/2018, The Association of Intelectuals “Democratic Club” Скопје, 2018.
  7. “Financing EU Military Operations: The Athena Mechanism”, Vision International Refereed Scientific Journal, International Vision University, Gostivar, 2018.
  8. Legal Basis for Participation of Third Countries in EU-Led Peace Missions”, International Scientific Journal, Contemporary Macedonian Defence, Ministry of Defence Republic of Macedonia, No. 33, Vol. 17, Скопје, 2017.
  9. “Measures of administrative protection of classified information in the Republic of Macedonia”, Knowledge, International Journal Scientific Papers, Vol. 13.3, IKM, Скопје, 2016.
  10. “Linking nutrition patterns and the globalised food system to Global Warming and Diabetes”, Proceedings of the 5th International Conference of Economic Sciences and 5th Climate Change, Economic Development, Environment and People (CCEDEP), Conference of the Alliance of Central-Eastern European Universities (ACEU), Kaposvár University, Kaposvár, Hungary, May 2015.
  11. Special defense-security needs and interests of the European Union and individual defense-security needs and interests of its member states within NATO”, Knowledge, International Journal, Scientific & Applicative Papers, IKM, Скопје, 2014.
  12.  „Правото на примена на знаењето и неговото остварување во Република Македонија“, Journal of Process Management – New Technologies, International, Mapro, Vranje, 2014.
  13. „Право на одговарајући животни стандард као природно људско право и улога државе у његовом остваривању“, Зборник радова: Економски развој и животни стандард, Паневропски универзитет „АПЕИРОН“, Бања Лука, 2012. 
  14. „Proces pridruživanja Evropskoj uniji (sa osvrtom na iskustvo Republike Makedonije)”,  Зборник радова: Економски развој и животни стандард, Паневропски универзитет „АПЕИРОН“, Бања Лука, 2011. 

“Right to a Healthy Climate as a Function of the Right to Life”, Proceedings of 1st Climate Change, Economic Development, Environment and People Conference, Нови Сад, 2011.


Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?