доц. м-р Александра Јовановска Хнида Факултет за дизајн и мултимедија

  • Функција: Доцент
  • Образование:
  • Предмети:

e-mail: aleksandra.jovanovska@fon.edu.mk

 

Име и презиме: Александра Јовановска Хнида

Кратко наративно био:

Александра Јовановска е родена на 18 мај 1987 година во Тетово. Дипломирала на "Академија Италиана" – Скопје во 2009 година, на насока Моден дизајн, а магистрирала на Европски Универзитет – Скопје во 2013 година, на Факултетот за арт и дизајн, на насока Моден дизајн. Професионалната кариера ја започнала како CAD оператор во Macedonian Garment Industry во 2011 година. Како моден дизајнер кариерата ја продолжува во Renovelur”, Тетово, во 2012 година, паралелно работејќи како главен моден илустратор и асистент моден дизајнер за модниот дизајнер Никола Ефтимов во Скопје. Во периодот од месец јули 2012 – февруари 2014 година е задолжена за специјализираната продавница за дизајнерска облека "Никола Ефтимов". Во јануари 2015 година, таа е избрана за асистент на Европскиот Универзитет Република Македонија – Скопје, а во декември 2018 за Доцент на истиот факултет. Паралелно, во 2016 година назначена е како ментор за група моден дизајн во неформално образовната институција Џолев и Уметностите, а во 2017 година предавач е во "Сеавус Едукакативен и Развоен центар" на Академија за моден дизајн (Џолев и Уметностите) за предметите модна илустрација и дигитална модна илустрација. Од октомври 2019 година е во редовен работен однос како доцент на ФОН Универзитет, Факултет за дизајн и мултимедија, предмети од област на моден дизајн. Досега има реализирано самостојни и групни модни ревии и изложби во Република Македонија, Р. Србија, Италија. Работела на истражувачки проекти од областа на културата, уметноста и дизајнот и објавила неколку научни трудови. Учествувала на конференции од областа на уметноста, дизајнот и образованието.

Предмети кои сте ги предавале и предавате во моментов:

 

  • Графички дизајн 2 – доцент на Европски Универзитет-Скопје, факултет за арт и дизајн
  • Основи на моден дизајн – доцент на ФОН Универзитет, факултет за дизајн и мултимедија
  • Моден дизајн 2 - доцент на ФОН Универзитет, факултет за дизајн и мултимедија
  • Модни додатоци - доцент на ФОН Универзитет, факултет за дизајн и мултимедија
  • Моден дизајн 3 - доцент на ФОН Универзитет, факултет за дизајн и мултимедија
  • Техники на драпирање и мулаж - доцент на ФОН Универзитет, факултет за дизајн и мултимедија
  • Моден дизајн напредно ниво 1 - доцент на ФОН Универзитет, факултет за дизајн и мултимедија
  • Колекција - доцент на ФОН Универзитет, факултет за дизајн и мултимедија

Истражувачки интерес:

 

Моите истражувачки интереси опфаќаат теми и прашања поврзани со модниот дизајн, теми од областа на одржлива мода, рециклирање, социјални и политички аспекти, како и историски аспект на облекувањето. Паралелно ги следам и истражувам актуленостите и примената на модната илустрација во 21 век.

Моментално сум ангажирана за истражување и планирање на работиници поврзани со рециклирање и реупотреба на неупотребливи предмети и облека од тексас. Исто така во процес ми е изработката на мини колекција на рачно сликани маици инспирирани од лична семејна историја во комбинација со руска историја од времето на Николај Александрович Романов.

Објавени трудови

  • 2017 Научен труд “Еко облека VS дизајнирана облека и циркуларната економија“, Седма меѓународна научна конференција “Современи аспекти на циркуларнара економија“, Европски Универзитет – Скопје
  • 2015 Човечкото тело – предизвик за создавање на современа модна илустрација, Петта меѓународна научна конференција Нови простори во науката и уметноста, ЕУРМ, Скопје
  • 2015 Цртежот како автореферентен израз создаден во современ концептуален формат, Петта меѓународна научна конференција Нови простори во науката и уметноста, ЕУРМ, Скопје
  • 2015 Хип-хопот (како контрамодна појава) и идентитетот во Република Македонија, Трета годишна меѓународна конференција Култура и идентитет, Скопје.

 


Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?