X
press enter »
MK
EN
доц. д-р Гордан Георгиев
Факултет за правни и политички науки

Функција: Политички
Образование:
Предмети:


Кратко наративно био:

Има завршено додипломски и постдипломски студии во областа на политичките науки и меѓународни односи на Институт за политички науки во Париз (IEP de Paris), како и магистратура по европски студии на Кралскиот колеџ во Лондон (King’s College London). Во 2009 година ја завршува Програмата за извршно образование на Харвард (Harvard Executive Program) а во 2016 година се стекнува со докторат во областа на политичките науки работејќи на теории на општествените системи и структури на моќ. Предавал и на Институтот за општествени и хуманистички науки- Скопје. Во 2018-та е назначен за член на Управниот одбор на фондацијата Институт отворено општество- Скопје.

Има објавено повеќе публикации и трудови во домашни и меѓународни релевантни списанија, бројни прирачници и ко-автор е на две книги од неговата научна област. Редовен колумнист/есеист на Дојче Веле и чест коментатор на македонските и регионалните телевизиски дебатни емисии.

Активен е во граѓанскиот сектор веќе 20 години, како извршен директор на Форум-ЦСИД, една од водечките тинк-тенк организации во Република Македонија и директор на Македонската школа за политика под покровителство на Советот на Европа и дел од Регионалната мрежа во 15 држави од Источна Европа. Основач на Форум за разумни политики, македонска тинк тенк организација.

Бил ангажиран на проекти спроведени од Центарот за истражување во меѓународни односи (ЦЕРИ) во Париз и на проекти на Фондацијата „Чарлс Леополд Мејер“ во Конго-Бразавил и Конго-Киншаса. Експерт е во „Вестминстер фондација за демократија“ и ангажиран како независен консултант од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).

Неговите интереси и експертизи вклучуваат истражувања и проекти на терен поврзани со демократска стабилизација, помирување, меѓуетнички односи, реформи и консолидација на политички партии, прашања од областа на регионалната безбедност, реформи на парламентарните практики и децентрализација. Во периодот од 2009 до 2013 година е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и претседател на собраниската Комисија за култура.

Предмети кои ги предава/л:

 Јавна администрација, Вовед во политика, Политички менаџментСовремени политички системи, Јавна политика и анализа, Современи политички теории, Политичка психологија, Политичка култура, Историја на цивилизации, Етика и деонтологија,

Истражувачки интерес:

  1. Демократизација на политичките партии
  2. Реформа на изборен систем
  3. Илиберални идеологии на Балканот

Објавени трудови:

  1. “Problems of Representative Democracy in Europe” ed. by Jan Marius Wiersma, Ernst Stetter & Sebastian Schublach (October 2014, Vangennep Amsterdam)
  2. “Reshaping the image of the political parties in SEE" ed. Georgi Karasimeonov (Gorex Press)
  3. “Making and Breaking: The ups and downs of the Macedonian political elites in the process of EU integration”, ASN, Columbia University Conference paper, 2013
  4. “Comparative analysis of key roles and responsibilities for the senior management of civil service in relevant EU countries: Austria, Belgium, France, Portugal, Slovenia and the UK” - Center for crisis management- skopje 2018
  5. “The Law on Senior Civil Service – A comparative perspective”- Ohrid School of Natural Law-2018
  6. “Civil Society organization and political engagement. The case of Lebanon” – Westminster Foundation for Democracy (2020)
  7. “Money in Politics”- Westminster Foundation for Democracy (2018)
  8. “Political Parties Transparency Index”- Westminster Foundation for Democracy (2019)