доц. д-р Зорица Силјановска Факултет за правни и политички науки

  • Функција: Доцент, Правен
  • Образование:
  • Предмети:

Име и презиме

Проф. д - р Зорица Силјановска,

Наставно научно звање: Вонреден професор

Научни области: Деловно право и Трудово право

Образование:

Доктор на правни науки од областа на деловно право, Правен факултет „Јустинијан Први“- Скопје, 2014, докторска дисертација на тема „Правците на развој на моделите на корпоративно управување после најновата светската економска криза "
Магистер на правни науки од областа на деловно право, Правен факултет „Јустинијан Први“- Скопје, 2010 магистерскиот труд на тема „Меродавното право за суштината на спорот во постапка пред меѓународна трговска арбитража“

Дипломиран правник, правосудни студии, меѓународно - правна група, Правен факултет „Јустинијан Први“- Скопје, 2004

 

Кратко наративно био

Мојот академски ангажман започнува во 2006 година на Универзитетот ФОН, како соработник од областа на правните науки. Од 2006 до 2010 година ангажирана сум на Факултетот за правни науки во звање помлад асистент, а од 2010 до 2015 година во звање асистент. Во 2015 година сум избрана за наставник од областа на деловно право во звање доцент, а во март 2020 година  за наставник од областа на деловно право и трудово право, во звање вонреден професор. Од овој период, па се до денес, имам наставен ангажман по предмети од областа деловно право и тоа: Трговско право, Корпоративно управување, Право на осигурување, Трудово право, Право на е – трговија, Договорно право, Трговско право (применета програма) и Трудово право (применета програма)  на Факултетот за правни и политички науки во состав на ФОН Универзитет.  Од академската 2018/19 заедно со академик Владо Камбовски го предавам и предметот Методологија на правно – политички истражувања. Освен на Факултетот за правни и политички науки ангажирана сум и на Факултетот за економски науки, Факултетот за странски јазици и Факултетот за информатика при Прв приватен универзитет – ФОН. Во периодот од 2009 година до денес сум член на Координативното тело на Проектот „Фабрика на знаење“ на ФОН Универзитет, од 2015 до 2019 Претседател на Комисијата за самоевалуација на Факултетот за правни науки, член на универзитетското координативно тело за уписна стратегија од 2016 до 2019, член на Комисијата за признавање на испити од 2019 до денес. Учествувам во работата на повеќе работни групи на Универзитетот.

Во мај 2018 година успешно го положив и правосудниот испит.  

Сум зела активно учество на многубројни меѓународни конференции, тркалезни маси и советувања од областа на трговско право, корпоративно  управување, трудово право и меѓународна трговска арбитража. Во текот на 2019 година бев ангажирана во реализација на проектот за подигнување на свеста кај менаџерите во македонските компании за значењето на корпоративното управување. Во овај момент како член на Генерално собрание на СОС Детско село активно учествувам во реализација на регионалниот проект „Зајакнување на младите преку нови можности за вработување“.

 

Предмети кои сте ги предавале и предавате во моментов

  1. Трговско право
  2. Трудово право
  3. Корпоративно управување 
  4. Договорно право
  5. Право на е –трговија
  6. Право на осигурување
  7. Трговско право (применета програма)
  8. Трудово право (применета програма)

 

Теми и области во кои менторирате дипломски работи и магистерски трудови

Трговско право, Трудово право, Корпоративно управување, Осигурување во бизнисот, Меѓународна трговска арбитража и Право на е – трговија.

 

Истражувачки интерес

Моите истражувачки интереси опфаќаат теми и прашања поврзани со корпоративното управување, трговските друштва, трговскиот промет и трудово правната проблематика. 

 

Објавени трудови: текстови во академски списанија, во зборници или објавени книги

  • Organizational change and development, Vizione 34, International magazine for social sciences, Skopje, 2020;
  • Efficient and effective corporate governance system a prerequisite for business success, International Journal Scientific & Applicative Papers, Institute of knowledge management Skopje, Macedonia, Bulgaria, 13-15.12.2019;
  • OECD principles for good corporate governance and their impact on process of standardization, International Journal Scientific & Applicative Papers, Institute of knowledge management Skopje, Macedonia, Greece, 11-13.10.2019;
  • Корпоративното управување во земјите од БРИКС – предизвик за глобалната економија, Шеста меѓународна научна конференција, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Правен факултет, 05-06.09.2019;
  • The impact of the globalization process on the development of corporate governance, International Journal Scientific & Applicative Papers, Institute of knowledge management Skopje, Macedonia, Budva, 06-09.06.2019;
  • Судска заштита на правата на доверителите во постапка за обезбедување на побарување со претходни мерки, Vizione 32, International magazine for social sciences, Skopje, 2019;
  • Corporate social responsibility – one of the basic proposals for good corporate governance, International Journal Scientific & Applicative Papers, Institute of knowledge management Skopje, Macedonia, Agia Triada, 27-29.09.2018;
  • Strategy of the monetary central bank monetary policy and the need for supervision, Vizione 30, International magazine for social sciences, Skopje, 2018;
  • Formal, transparent and corruption – resistant management in the public sector, Vizione 30, International magazine for social sciences, Skopje, 2018;
  • Економската важност на корпоративното управување во Европска Унија и нејзината улога во процесот на конвергенција, International Journal Scientific & Applicative Papers, Institute of knowledge management Skopje, Macedonia, Budva, 23-26.05.2018;
  • Градење систем на добро корпоративно управување неопходност, а не избор во 21век, Стручно списание Правник, април 2018;
  • Авторизирани предавања „Корпоративно управување“, 2017;
  • Placing an universal international standards for good corporate governance on international level, Vizione 28, International magazine for social sciences, Skopje, 2017;
  • Model of corporate governance of a modern enterprise in the 21st century, Journal of Process Management-New technologies, International, Volume 5 Issue 1, January 2017;
  • The global economic crisis brought on sight a new world order, International Journal Scientific & Applicative Papers, Institute of knowledge management Skopje, Macedonia, 16-18 December, 2016 Bansko, Bulgaria;
  • Effects of the second wave in eurozone crisis, Vizione 26, International magazine for social sciences, Skopje, August 2016;
  • Влијанието на светската економска криза врз финансиските текови на глобално ниво,  Vizione 25, international magazine for social sciences, Skopje, February 2016;
  • The global economic crisis has highlighted the need for transparency in the management, International Journal Scientific & Applicative Papers, Institute of knowledge management Skopje, Macedonia, Greece, 2-4.10.2015;
  • Corporate social responsibility, Third International Scientific Conference: Knowledge – Capital of the future, Institute of knowledge management Skopje, Macedonia, Bansko, R. Bulgaria, November 27-29, 2014;
  • The Impact of BRICS from Economic, Legal and Political Aspect in the International Community, The European Scientific Institute (ESI), “Vitrina” University and The University of the Azores- Portugal, Tirana, Albania, 2013;
  • Impact of globalization the convergence of the models of corporate governance, International scientific conference, Promoting Human Rights: Recent Development, MIT University 
  • Skopje, Republic of Macedonia, September 25-27, 2013;
  • The global financial crisis highlights the shortcomings of fiscal transparency, International scientific conference, Promoting Human Rights: Recent Development, MIT University Skopje, Republic of Macedonia, September 25- 27, 2013;
  • The Impact of the Global Financial Crisis on the Trade Flow in the Republic of Macedonia, Eight ECPD International Conference, RECONCILIATION, TOLERANCE AND HUMAN SECURITY IN THE BALKANS-NEW BALKANS IN A CHANGING WORLD, Beograd, October 20-21, 2012;
  • Investments in Sustainable Development of Renewable Energies in the Republic of Macedonia, 2nd Climate change, economic development, environment and people conference, University of Prešov, Slovak Republic, 2012;
  • The inflow of foreign direct investments in the west Balkan countries within the process of EU accession, I International Scientific Conference on economic development and standard of living, EDASOL, September 23-24, 2011;
  • Арбитражна спогодба, Годишник ФОН Универзитет, Скопје, 2008/09;
  • Социјалната политика и стратегија за вработување – денес во фокусот на активностите на Европска Унија, Зборник на трудови Република Maкедонија на патот кон НАТО и ЕУ – состојби и перспективи, Скопје, 2007;
  • Остварувањето на избирачкото право – основа на демократијата, Зборник на трудови Парламентарните избори 2006 и македонските аспирации за членство во ЕУ и НАТО, Скопје, 2006.

 


Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?