проф. д-р Мирко Трипуноски
Факултет за економски науки
Функција:
Економски
Образование:
Предмети:
Кратко наративно био:
Проф. д-р Мирко Трипуноски е роден во Тетово, каде го завршува основното и средното образование. Дипломира на ФТУ во Охрид. Последипломските студии од областа на маркетингот ги завршува во Охрид, а докторира во областа на економските науки во Скопје. Живее и работи во Скопје. Во својот 37 годишен работен век успеа да ја спои теоријата со практиката, односно науката и стопанството.
Од 1977 година до 1994 година работи во “ Југохром” Јегуновце, на почетокот како приправник, а потоа како раководител на службата за маркетинг и развој, заменик – директор на ООЗТ, директор на ООЗТ. Во периодот кој раководи, под негов надзор, изградени се повеќе капитални објекти кои и денес се користат за производство на храна, туристички објекти за посредување и агенциско работење, хотели, туристички населби, планински одморалишта, клубови и ресторани.
Во периодот од 1994 – 1998 година д-р Мирко Трипуноски е пратеник во Собранието на Република Македонија. Од 1995 година до 1999 е претставник на Парламентарното Собрание на Советот на Европа во Стразбур. Истовремено, во овој период членува во комитетот за економска политика и развој, Комитетот за рурален развој и Комитетот за финансирање и буџет.
Д-р Мирко Трипуноски во периодот од 1995-1998 година, е Претседател на Собранието на Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола, а во периодот 2001 – 2002 година д-р Мирко Трипуноски е Генерален директор на Ј.П. “ Дрисла” – Скопје. Од 2002 до 2007 година е директор на Европскиот Универзитет, Скопје и директор на Првиот приватен Универзитет „ФОН“, Скопје.
Проф. д-р Мирко Трипуноски денес е соработник на Вајмер Универзитетот во Германија, во одделот за подготовка и реализирање на магистерски студии. Исто така е и консулант во институтот за мултидициплинарни студии на универзитетот во Вилдау – Берлин, во областа на екологијата и менџментот на животната средина.
Проф. д-р Мирко Трипуноски во својот пристап реализира и објави 11 книги кои се карактеризирани со современа содржина, прифатливи за читателот, но истовремено применливи во стопанството и јавниот сектор. Тој во своето обраќање до читателот го бара спојот со реалниот сектор, но не го заборава и местото на потрошувачите. Во неколку клучни содржини, ќе ги изнесеме главните компоненти во неговите изданија:
- ЕКОНОМИКА – ПРИНЦИПИ И АНАЛИЗА, ФОН 2013 година, Скопје
Книгата “Економика – принципи и анализа” е универзитетско учебно помагало. Овој труд дава две основни познавања од микро- и макро- економијата кои на студентите им овоможуваат разбирање на основните и темелните економски принципи, како и претставување на различни варијанти на макроекономската политика. Во обработката на овој материјал разработени се основите на економските модели и концептите на понудата и побарувачката, начинот на функционирање на пазарите, пазарите на благосостојбата, економијата на јавниот сектор, организацијата и однесувањето на фирмите, пазарот на факторите на производството, посебноста на темите за изучување според факултетската опрема, макроекономските податоци, реалната економија, парите и цените на долг рок, макроекономијата на отворените општества, краткорочните економски флуктации, правото и економијата.
Цел на оваа книга е да овозможи како разбирање, така и практично применување. Во оваа книга внесен е нов начин на размислување. Економијата на труд претставува комбинација на позитивната страна на политичката наука и на природните науки. Меѓутоа, економијата, во суштина, и објаснувањата во овој пристап ја следат линијата на општествена наука. Предмет на истражување е општеството, луѓето во него, нивниот избор, стапувањето во меѓусебните односи. Но, економијата, како природна наука во својот предмет на истражување пристапува без предрасуди и пристрасности.. Со ваквиот пристап кон многу животни прашања, економијата се обидува да ги реши постојните проблеми во секое општество. Секој економист го набљудува светот на единствен начин. Затоа, сметам дека на секому, што ќе ги проучи идеите кои ги нуди економијата, се отвара широк хоризонт за подобар живот и отворено партнерство во процесот на економијата и светска глобализација.
- ЕКОНОМИЈА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА, ФОН 2009 година, Скопје
Целта на оваа книга е да направи преглед на искуствата на економските интеграции на различни држави во Европската унија и на она искуство што трае и што опстојува повеќе од 59 години што е многу кусо за историски оценки за пристапот на нациите и за можното градење на перспективните гледишта во натамошното надградување на ЕУ. Уникатноста на европското искуство претставува сериозна посветеност кон сопствената цел во создавањето на европската економска политика помеѓу различни економско – развиени држави. Таа е, исто така, единствена и поради нејзините институции што немаат сличности со други меѓународни организации. Уникатноста е и во однос на нејзините досегашни постигнувања, бидејќи во толку кус временски период постигнала хармонизиран начин на живот и економска благосостојба, што толку многу се разликува од почетокот на евроинтеграциските процеси.
Книгата “Економијата на Европската унија” прави обид да му овозможи на читателот да дојде до еден целосен преглед и до целосни видувања на фактите што се неопходни за разбирање на софистицираната проблематика на економските процеси и на нивната комплексност. Акцентот во оваа книга е ставен на заедничките економски политики што се градеа и што се изградија од страна на Европската заедница/ Европската унија од 1950 до 2008 годин.
- МЕЃУНАРОДНИ ЕКОНОМСКИ ОДНОСИ, ФОН 2008 година, Скопје
Меѓународните економски односи претставуваат научна и софистицирана дисциплина која ги изучува економските активности на меѓународните субјекти во меѓународната и светската економија.
Денешните субјекти во меѓународните економски односи се: државите, меѓународните организации, националните претпријатија и транснационалните компании кои ги воспоставуваат меѓусебните економски односи со што ги задоволуваат потребите и своите многубројни економски интереси.
Меѓународните економски активности во основа ги опфаќаат меѓународните односите помеѓу субјектите во трговската соработка, размената и пласирањето на капиталот, инвестициите, размената на техники и технологии и др.
Сите меѓународни економски активности се фокусираат на три основни економски активности кои во основа ги проучуваат меѓународните економски односи како научна дисциплина; економски односи што претставуваат стоков однос, односно меѓународна трговија; економски односи што претставуваат финансиски односи, односно меѓународно монетарна економија, и економски односи што претставуваат организациски однос, однос на економска интеграција, стратегиски сојузи и глобализација.
- ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ, УПРАВУВАЊЕ И СТОПАНИСУВАЊЕ СО ОТПАД, ФОН 2006 година, Скопје
Управувањето со отпад во функција на одржлив развој, според својата концепција, структура, методолошки пристап и избраните содржини, претставува престижен современ проект насочен во функција на одржливиот развој. Целта на трудот е намалување на ризиците по здравјето на човекот и заштита на животната средина, во функција на севкупниот одржлив развој, преку правилата за отстранување на концептот за управување со отпад; економско – социјални аспекти за управување со отпад; еколошки аспекти за управување со отпад; менаџмент на отпад и принципи и цели на концептот за стопанисување со отпад.
Во трудот е нагласено дека управувањето со отпадот мора да се справи со една сложена задача, т.е. да нагласи дека управувањето со отпадот мора да стане значајна гранка на економијата, при што се нуди поинаков и аргументиран однос со управувањето со отпадот и заштитата на животната средина. Овие две концепции се доследно спроведени, како на ниво на генерална организација на трудот и логичка врска меѓу основните целини, така и на ниво на секое поединечно поглавје.
- ГЛОБАЛИЗАЦИЈА, ФОН 2007 година, Скопје
Трудот “Глобализација” има за цел да го претстави процесот на глобализацијата како современ процес од траен интерес кој на почетокот на 21 век почнува да ги обликува своите вистински димензии и карактеристики. Главна цел е помладата генерација подобро да го спознае светот и подобро да ја сознае утрешнината како дел од него, каде што процесот на глобализација е исто така дел од светот. Со објаснувањето на процесот, целта на научниот труд не е во насока на заземање став за или против глобализацијата, туку само објаснување на процесот, без притоа да се наметнува кое движење да се прифати, туку преку изучување на процесот, самите да бидеме во состојба за определување страна за или против глобализацијата или да останеме неутрални.
Во трудот се поставуваат суштествени, а со тоа и софистицирани прашања, и тоа: Kако да се дефинира една галопирачка светска глобализација, од која зависи идниот пораст и развојот на секое општество? Како да се реализира една таква постапка и како да се обезбеди целосна сатисфакција? Како да се убедат производителите, потрошувачите, општеството, во изнаоѓањето вистински и траен начин за влезот во глобалната економија ? Како да се избере и да се создаде ефикасен систем за примена на глобалните процеси, изграден врз реална база на податоци? Како да се извлече полза од сопствената постапка? Како да се прифати и да се избере стратешки глобален економски партнер? Што се случува со културата и опстанокот на државата? Како да се одржи безбедноста на задоволително ниво во ера кога безбедносниот поредок се уште не е јасен.
Овој научен труд во една од своите цели е претставување на нивото на изложеноста на Република Македонија во процесот на глобализација. Петнаесетте години транзиција не донесоа позначајно поместување во напредокот на Р.М. Проблемите што беа преземени од распадот на СФРЈ долго време беа стационирани во животот на граѓаните. Сепак, оптимизмот треба да се задржи и на работите да се гледа од една поперспективна гледна точка. Заложбите на Р.М. за влез во регионалните и меѓународните организации, кои претставуваат институционални симболи на глобализацијата, овозможуваат сигурно фаќање на чекорот на глобалниот тренд.
- МЕНАЏМЕНТ ВО СТОПАНСТВОТО И ЈАВНИОТ СЕКТОР, ФОН 2010 година, Скопје
Трудот “Менаџмент во стопанството и јавниот сектор” го претставува придонесот кон широко распространетите и посветени напори за подигање на квалитетот на нашите менаџери и лидери. Трудот презентира материјали, од практично и истражувачко искуство за улогата и придонесот на менаџерите. Затоа е посветена на студентите по менаџмент и менаџерите. Сите менаџери треба да се набљудуваат себеси како доживотни студенти , доколку сакаат да ги постигнат своите цели. Содржината на овој труд ги опфаќа клучните елементи кои менаџерите мораат да ги знаат и применуваат.
Во дефинирањето на менаџментот во стопанството и јавниот сектор, трудот обработува анализи, носење на одлуки и активности кои секоја организација ги превзема со цел да го добие и да го задржи високото место во стопанството и јавниот сектор.Во основа,менаџментот во стопанството и јавниот сектор се наоѓа во одговорот на прашањето: Како и зошто некои организации во стопанството и јавниот сектор се поуспешни од останатите?
Трудот опфаќа пет главни тежишта кои ги впрегнува во остварувањето на вкупните цели при раководењето со организациите, а тие се: подготовка и реализација на јасна, прецизна и остварлива микроекономска стратегија; усогласена микроекономска стратегија со макроекономските политики; вклучување на бројни соработници со кои се обработуваат краткорочните и долгорочните цели и перспективи; јасно, брзо препознавање на билансот меѓу ефективноста и ефикасноста; почит кон секој вработен за она што го поседува и за она што го работи без разлика на нивната стручна наобразба.
- СОВРЕМЕНИ ЕКОЛОШКИ ПОЛИТИКИ ВО СВЕТОТ И ЕВРОПСКАТА УНИЈА, ФОН 2008 година, Скопје
Една од битните карактеристики на денешниот современ свет се постојаните големи и брзи промени. Тие промени во голем дел се причинети од деградациите на почвата, водата и воздухот што директно влијаат и го менуваат начинот на живот и работење на човекот, во организациите и општеството воопшто. Разбирањето на овие промени и импликации директно се поврзани со познавањето на современите еколошки политики во светот и нивното глобализациско дејствување, односно со вештините на користењето на природните ресурси во извршувањето на секојдневните работни задачи и заштитата на животната средина од понатамошно деградирање и зачувување за генерациите што доаѓаат.
Основна цел на оваа книга е добивање на знаења и вештини во управувањето со животната средина, што се користи денес во современиот свет, но и во земјите во развој. Содржината на книгата претставува обид да се објасни како современите еколошки политики го менуваат односот кон природата и како човекот ги остварува и реализира низ своето работење. Меѓу другите содржини опфаќа, прво правни, второ економски, трето глобализациски, четврто менаџерски и на крајот се прави спој како сето тоа влијае на еколоијата како централна тема. Со ваквиот пристап суштински го трансформираме приодот на кој организациите, домаќинставата, а во нив и луѓето, како треба да се однесуваат и да ги извршуваат своите деловни активности со што помало негативно влијание врз нивната околина.
- ОСНОВИ НА МАРКЕТИНГ, ФОН 2013 година, Скопје
Маркетингот како филозофија на работење во современите деловни системи претставуваат филозофија на пренесени вистински вредности во задоволувањето на потребите на потрошувачите т.е. карисниците на пазарот. Тоа значи поминат половина пат до очекуваните сопствени цели. Современото производство, масовноста, големите серии на производи што се изработуваат, но истовремено и се нудат на пазарот, соочени се со сериозни пазарни проблеми. Тие проблеми на деловните системи се составен дел од светската економија. Проблемот е во продажбата на производените добра или услуги на пазарот, каде што понудата ја надминува побарувачката. Големи количества производи се нудат на пазарот, а тој денес нема таква апсорбирачка моќ. Од тие причини, во многу деловни системи ширум светот значајни количества готови производи остануваат непродадени. Во тие производи, ангажирани се средства и ресурси, каде што се јавува и првиот проблем во продажбата што го стопира ослободувањето на затворените финансиски средства за повторно вклучување во процесот на репродукција. Тешкотиите најчесто се пресликуваат во основните стопански недостатоци, како што се средствата за обртен капитал, прекинување на производството, неостварениот а планиран профит и заостанувањето во развојот.
Разрешувањето на посочените практични проблеми, како што се продажбата, но и блокираниот капитал во готови производи во процесот на економска криза од светски размери станува задача со приоритетно значење на секој стопански систем што треба непречено да функционира.
- ИНТЕРАКТИВЕН МАРКЕТИНГ, ФОН 2007 година, Скопје
Интерактивниот маркетинг секојдневно е поврзан со движењето на пазарот и е благовремено фокусиран на реактивноста на еволуциите на конкуренцијата. Истовремено е конкретно стратешки коресподентен со флексибилноста и при користењето е практично рационален. Интерактивниот маркетинг доведува до подобра идентификација и е средиште на подобра сегментација на побарувачката. Наспроти традиционалните средства на масовниот маркетинг, интерактивниот маркетинг вовел постапка адаптибилна како на мултинационалните така и на малите претпријатија, каде предноста на малото претпријатие е во флексибилноста на неговата способност за адаптација и за неговата лесна контрола врз информацијата. За местото, улогата и интересот на постапката на интерактивниот маркетинг, кои се неговите предности, трудот во десет прецизирани постапки јасно го отсликува неговото значење.
Создавањето интерактивен маркетинг стратегија за секое претпријатие е неопходно. За таа цел е потребна професионална, стручно подготвена и информационо усовршена маркетинг стратегија. Посебно важно е при создавањето на маркетинг стратегијата целото претпријатие да е поставено како посебно, односно да му се извадат специфичностите кои ќе го издвојуваат од останатите слични на него. Секое поистоветување со конкуренцијата го намалува идентитетот кон посакуваната цел изразена низ губење на пазарот и изнаоѓање на вистинските потрошувачи. Затоа создавањето на маркетинг стратегија мора во целина да се издвојува од конкурентни претенденти за ист пазар како поквалитетни, еколошки чисти, постабилни и понапредни во користење на нови и незагадувачки технологии.
- ПЛАНИРАЊЕТО И ОРГАНИЗАЦИОНАТА ПОСТАВЕНОСТ НА ТУРИСТИЧКАТА ПРОПАГАНДА, ММ Колеџ 2003 година, Скопје
Книгата е инспиративно размислување за еден од најзначајните сегменти на туристичкиот процес – туристичката пропаганда, односно нејзиното планирање и организациона поставеност. Се проучуваат сите аспекти на неговата егзистенција, организација и реализација со цел туризмот да се унапреди и афирмира како една од значајните дејности на бројните национални стопанства.
Понудата на туристичките вредности и капацитети во современиот свет е многу голема. Сите земји на светот конкурираат со сите можни средства и методи на туристичката пропаганда врз потенцијалните туристи, надевајќи се дека ќе обезбедат што поголема туристичка посветеност и материјална добивка за туризмот. Големата конкуренција во туристичката понуда ја наметнува потребата за добро планиран и организационо квалитетно поставен систем за туристичка пропаганда. Заради ова проучувањето и унапредувањето на туристичката пропаганда е континуирана и одговорна задача за туризмолошката наука и на туристичките работници.
Книгата претставува успешна симбиоза на теоретско размислување и на емпириското истражување на туристичката пропаганда. Особен придонес на текстот е евидентен, пред се во две насоки. Прво, текстот успешно ги анализира планирањето и организационата поставеност на системот на туристичката пропаганда во Република Македонија и нуди бројни информации и сознанија за оваа проблематика. Освен тоа, во трудот, на туристичките работници се понудени и вредни информации и сознанија за планирањето и организацијата на туристичката пропаганда во државите на Европа и пошироко кои се на врвот на туристичката поставеност во светот. Второ, емпириските истражувања направени од страна на авторот во однос на оваа проблематика во практиката на Република Македонија се многу обемни и квалитетни.
- МАРКЕТИНГ ВО ТУРИЗМОТ, ФОН 2007 година, Скопје
Во трудот “Маркетинг во туризмот ” станува збор за лигистички маркетинг, односно маркетинг на туристичките добра, каде што производителот на добра има многу причини да биде во постојан контакт со целните купувачи. Во таа смисла, од гледна точка на маркетингот се јавуваат три основни проблеми и тоа: избор на канали на дистрибуција, физичка дистрибуција, односно маркетинг логистика и избор на оптимална комбинација според која производителот ќе остане во контакт со крајните потрошувачи.
Трудот, во основа, го протежира и го обработува фактот дека комбинирањето на инструментите на маркетингот и неговиот менаџмент со претприемачки водената фирма со комуникативните и оперативните цели и задачи на секоја фирма што стопанисува и сака да оствари профит низ комуникативните задачи, оперативните задачи и трансакциски бариери. Од овие причини, се обработени основната задача на комбинирањето на инструментите на маркетинг миксот, со кој ќе се дојде до решенија што имаат траен карактер, кои ќе стекнат трајна лојалност кај купувачите и ќе остварат синергетски ефект, во рамки на маркетинг пласманот како инструмент на маркетинг миксот. Во тој процес се обезбедува размена помеѓу производителите и потрошувачите, во кој се зацврстува врската помеѓу производството и потрошувачката, а тоа го дава одговорот на прашањето како и кому ќе му се продава во каналот и по кои канали ќе се дистрибуира.
Проф. д-р Мирко Трипуноски покрај објавените и рецензираните трудови има и три авторизирани предавања во следниве области : меѓународен маркетинг, маркетинг логистика, и адвертајзнинг и ПР.
Творештвото на проф. Д-р Мирко Трипуноски е поделено во три дела, и тоа од 1985 -2003, од 2004 до 2008 и од 2009 до 2013 и 2014г. со 98 (деведесет и осум) научни и стручни трудови, врз основа на кои се стекнал со звањата доцент, вонреден и редовен професор.
Рецензирани меѓународни и домашни трудови објавени од 1985 до 2004 година:
- М. Трипуноски: “Развој на младинскиот туризам во Република Македонија”, Симпозиум “Годишни одмори”, Белград 1985
- Трипуноски М. : “Остварување на долгорочната програма за развој во областа на туризмот”, Акциона конференција, Загреб 1985
- Трипуноски М.: “Активниот одмор во функција и хуманизација на трудот”, Симпозиум “Наши одмори”, Топуско, Загреб 1985
- Трипуноски М.: “Содржина на слободно – временските активности на вработените во ХЕК- Југохром – Јегуновце за време на годишниот одмор”, Симпозиум ФТУ Охрид, 1985
- Трипуноски М.: “Активниот одмор во функција хуманизација на работа и можностите на угостителско туристичкото стопанство за негово унапредување”, Симпозиум Охрид, 1986
- Трипуноски М.: “Истражување на културните потреби на вработените во црната и обоената металургија во “ХЕК – Југохром”, Јегуновце”, семинар “Култура рада” , Кумровец, 1988
- Трипуноски М. : “Влијанието на Европа врз развојот на угостителско – туристичкото стопанство во Република Македонија”, Комитетот за развој, П.С.С.Е Париз 1996
- Трипуноски М. : “Плурализмот, човековите права и малцинските прашања”, Студиски престој, Институт за човекови права, Осло, Норвешка 1996
- Трипуноски М. : “Системи на вредности – како психосоцијална детерминанта на успешен развој”. Симпозиум “Еколошки и социјални аспекти на туризмот”, Охрид, 1997
- Трипуноски М. : “Претприемништво и менаџерство, нов поттик во развојот на приватниот сектор”, ФТУ Охрид, 1997
- Трипуноски М. : “Туристичка пропаганда, производство и промоција на чувства”, EXSPO – Брисел, 1997
- Трипуноски М. : “Развој, перспективи и правци на туризмот и угостителството на Р. Македонија”, - Стразбур, Парламентарно собрание на Европа, 1998
- Трипуноски М.: “Планирањето и организационата поставеност на туристичката пропаганда во Р.Македонија”, Магистерски труд, Охрид, 2001
- Трипуноски М.: “Успешно стопанство за отпад, Меѓународна конференција за отпадни води, комунален цврст отпад и опасен отпад”, Тара 2002
- Трипуноски М. : “Управување со отпад. Семинар со локални раководства и комунални организации, капитализација и приватизација на комунални организации:”, Скопје, 2002
- Трипуноски М.: “Технолошки развој и извозна ориентација, најприоритетни цели на развојната политика”, Советување, Здружение за одржлив развој – Скопје, Министерство за економија и ГТЗ – проект за трансверска технологија, Скопје, 2002
- Трипуноски М. : “Комплексно управување со цврст комунален отпад”. Советување “Производствено преструктуирање на економијата на Р.Македонија”,Здружение за одржлив развој и Министерство за економија, Скопје, 2002
- Трипуноски М. : “Капитализација и приватизација на комунално стопанство во Р. Македонија”, Семинар за локални и регионални власти во Југоисточна Европа, Менаџмент Академија, Минхен 2002
- Трипуноски М. : “Стратегија за преструктуирање на развој на Ј.П. Дрисла – Скопје”, Интернационален конгрес за избегнување на комунални отпадоци, Виена 2002
- Трипуноски М. : “Пилот постројка за карактеризација на цврстиот комунален отпад за град Скопје,” Меѓународна конференција за стопанисување со отпад, Загреб 2002
- Трипуноски М.: “Природни ресурси, одржлив развој и глобализација на туризмот”, Симпозиум, Туризмот во услови на глобализација, Охрид 2002
- Трипуноски М.: “Заштита на животната средина и природа како значаен и влијателен фактор во туризмот”, Симпозиум, туризмот во услови на глобализација, Охрид 2002
- Трипуноски М.: “Планирањето и организациона поставеност на туристичката пропаганда”, ISBN 9989 – 148 – 00- 7, Скопје 2003
Вториот период во творештвото на д-р Мирко Трипуноски се однесува на период од 2004 – 2008 година:
- Трипуноски М.: “Состојбата во земјоделството и обновсливи извори на енергија”, Здружение на агроекономистите на Р.М. , Скопје 2004
- Трипуноски М. Научен собир: Одржлив развој на агрокомплексот придонес за европска интеграција, Здружение на агроекономисти на Р.М., Скопје 2004
Тема : “Состојбите во земјоделството и обновливите извори на енергија”
- Трипуноски М. Научен собир: Воспоставување на дигитален еколошки катастар во Р.М. како предуслов за одржлив развој, ПМФ Институт за георгафија и самостоен истражувач Б. Никодиноски, Скопје, 2005
Тема: “Сообраќајот и околината – решлив проблем за воведување еколошки катастар на загадување во Скопје”
- Трипуноски М. Меѓународна конференција Управување со отпад, Скопје, 2007
Тема: “Правила за остварување на концептот за управување со отпад”
- Трипуноски М. Конгрес по превентивна медицина за Македонија со меѓународно учество, Охрид , 2006
Тема: “Општествена транзиција во Р.Македонија и здравјето на луѓето”
- Трипуноски М. Конгрес по превентивна медицина за Македонија со меѓународно учество, Охрид , 2006
Тема: “Животниот стандард како економска категорија и здравствената состојба на населението во Р.М.”
- Трипуноски М. Списание за научни и стручни прашања од физичка култура, бр.1, Скопје, 2006
Тема: “Споредби на општите знаења за спортскиот менаџмент кај потенцијалните менаџери од машки пол во два различни временски периоди”
- Трипуноски М. Списание за научни и стручни прашања од физичка култура, бр.1, Скопје, 2006
Тема: “Рангирање на можни спортски менаџери според степенот на нивните знаења во одделните функции на меназментот”
- Трипуноски М. Научен собир: Можностите за имплементација на дигитален катастар и едношалтерски систем во Р.М., Географски факултет, сам. Истражувач Борис Никодиноски, Скопје, 2006
Тема: “Еколошки дигитален катастар во Р.Македонија”, ПМФ
- Трипуноски М. Научен собир: Комуникации – медиуми македонска транзиција, Европски Универзитет – Скопје, Штип, 2006
Тема: “Стратегија и комуникација на потрошувачите”
- Трипуноски М. Научен собир: Парламентарните избори 2006 и македонските институции во ЕУ и НАТО – ФОН Универзитет – Скопје, Јуни, 2006
Тема : “Политичките аниматори и изборниот процес”
- Трипуноски М. Национален семинар: Асоцијација за граѓанска толеранција и соработка / АГТИС, Скопје 2006
Тема: “Карта на реформите во економијата”
- Трипуноски М. Меѓународна конференција Јакнење на партнерствата и улогата на агенциите за лок. Демократија во процесот на ЕУ интеграција , локална самоуправа на општина Охрид, Охрид, 2006
Тема: “Вовед во партнерството”
- Трипуноски М. Научен собир, Можностите за имплементација на дигиталниот катастар и едношалтерскиот систем во Р.М., ПМФ: Географски факултет “Св. Кирил и Методиј”, Никодиноски, Април 2006
Тема: “Материјално приватните основи на електронскиот катастар”
- Трипуноски М. МИЦ, Macedonian Information Censure, Analyses of Macedonian Politics, Economy and Society, U.S. Education, Opened Space for Private Education in the Republic of Macedonia, Скопје 2007
- Трипуноски М. Меѓународна конференција Како заштитити радничка синдикална права приватним и мултинационалник компанијама, Котор Црна Гора, декември 2007
Тема: “Пазар на трудот услов за раст и развој “
- Трипуноски М. Научен собир: Република Македонија на патот кон НАТО и ЕУ – состојби и перспективи, Гевгелија, 2007
Тема: “Економска глобализација и животната средина клучен фактор за интеграција на Р.М. во ЕУ”
- Трипуноски М. Семинар: Лобирањето и синдикатот, ССМ, Фридрицх Еберт, 08.12.2007
Тема: “Пазар на труд – услови за дијалог”
- Трипуноски М. Национален собир: Социјален дијалог, УНСМ и Фридрид Еберт, Охрид 2007
Тема: “Мисијата и стратегијата, составен дел на социјалниот дијалог”
- Трипуноски М. Научен собир: Универзитет Неофигрилски – Благоевград – Бугарија, Благоевград, 2007
Тема: “Дистрибуција на знаењето за функциите, планирање и организација во менаџментот на физичкото образование и спортот кај учениците од гимназиите”
- Трипуноски М. Меѓународна конференција Менаџмент во спортот- Факултет за менаџмент во спортот – Универзитет Браќа Кариќ – Белград 2007
Тема: “Промене знања из основних функције менаџмента у две временске тачке код ентитета који су уклучени у раду спортских организација”
- Трипуноски М. Научен собир: Менаџментот во спортот и едукацијата, Свеучилиште – Загреб, Министерство знаности, образовања и спорта, Р. Хрватске, Хрватски олимписки одбор, Пореч, Хрватска 2007
Тема: “Стање прелиминарних знања о менаџменту у спорту и едукација прије и након одреденок времена кој ученике и ученица из разреда гимназије”
- Трипуноски М. Меѓународна конференција Управување со отпад, Скопје, 2007
Тема: “Управување со комунални претпријатија”
- Трипуноски М. Национален семинар, Социјален дијалог, организатор ЦСЦ/ АЦВ Белгија, УНСМ – Охрид, Охрид 2007
Тема: “Пазарот на трудот услов за дијалог работници/ синдикат – влада”
- Трипуноски М. Конференција: Водечки принципи на ОЕЦД и трипартитна декларација на МОТ за мултинационални компании и социјална политика, Скопје 2007
Тема: “Глобализација, мултинационални компании и синдикати”
- Трипуноски М. Преговарањето начин на усогласување на интересите, Национален семинар Социјален дијалог и колективно преговарање, 2008, Охрид
- Трипуноски М. 21.01.2008, Национален семинар Социјален дијалог – колективно преговарање, ЕЗА, КРИСТЕЛИГ ФАГБЕВАЕГЕЛСЕ, УНС – Охрид, Охрид, 2008
Тема: “Преговарањето како начин на усогласување на интересите”
- Трипуноски М. Меѓународна конференција за ЕУ интеграции, Американ колеџ – Скопје, 2008
Тема: “Регионализам – клучен предизвик за интеграција на Р.М”.
- Трипуноски М. Национален семинар, ЕЗА, КРИСТЕЛИГ ФАГБЕВАЕГЕЛСЕ, УНСМ “Еднакви можности”, Охрид, 2008
Тема: “Управување во јавниот сектор, трансформација и улогата на синдикатот во тие процеси”
- Трипуноски М. Научен собир: Глобализација, морот и безбедноста Министерство за одбрана на Р.М. и Филозофскиот факултет – Скопје Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје, 2008
Тема: “Глобализација – Колку безбедна, колку различна”
- Трипуноски М. Научен собир: Економски интеграции – услов за развој на капиталот, Интернационален универзитет – Приштина, Косово, Приштина,2008
Тема: “Глобален производ и развој на глобалната економија”
- Национален семинар: Синдикати на управата и правосудството, Скопје, 2008
Тема:“Проблемите на управувањето во јавниот сектор, трансформацијата и улогата на синдикатот во тие процеси”
- Трипуноски М. Институт за финансиско истражување: Регионални стратегии и структури на меѓународниот бизнис, Приштина, Октомври 2008
- Трипуноски М. Факултет за туризам и угостителство – Скопје, Тема: “Потребен ни е модел на туризам без отпад”, 2008
Третиот период во творештвото на проф. д-р Мирко Трипуноски се однесува за период од 2009 до 2013 година, за кој период се врши посебна оценка за стекнување на повисоко звање и затоа на овој период посебно Комисијата се задржа и дојде до следниве констатации:
Рецензирани меѓународни и домашни трудови објавени во периодот од 2009 до 2013 година:
- М.Трипуноски, “Стратегија и развој на менаџментот во фирмите на Република Македонија”, Национална научна конференција “Практика на менаџмент на човековите ресурси во претпријатијата во Република Македонија” ЈИЕ Универзитет Тетово 2009;
- М. Трипуноски, А. Николовски, Ѓ. Тоновски, “Типови на конкурентска предност и одржливост на менаџментот”, Prvi naucni skup sa medunarodnim ucešcem, Univerziteta Educons, Sremska Kamenica 2010;
- М. Трипуноски, А. Николовски, М. Матоска, “Marketing Strategies for creating national wealth for strategic implementation”, 3rd International Conference of Economic Sciences, Kaposvar, Hungary, 2011;
- M. Трипуноски, А.Т. Вешоска, Ж. Ѓорѓиевска, “The roll of contemporary leadership in creating the organizational climate”, Majska konferencija o strategijskom menadzmentu, Zaječar, 2011;
- М. Трипуноски, А. Николовски, Ѓ. Тоновски, “Climate changes – Challenge, but also an obligation for the education”, 1st climate change, economic development, environment and people conference (CCEDEP), Novi Sad, 2011;
- М. Трипуноски, А. Николовски, “Inovacije i promene – strateška uloga računovodstva”, 14 Меѓународен симпозиум, Neum, 2011;
- М. Трипуноски, А. Николовски, Ѓ. Тоновски, “ Economical growth, social cohesion, problems and difficulties, which the partnerships in tourism are facing”, Naučni skup: “ Realni sector, finansijski institucije I usluge u globalnoj krizi – mogučnosti oporavka”, Univerzitet Edukons, Sremska Kamenica, 2011;
- М. Трипуноски, A. Николовски, “Финансиското известување како индикатор на концептот за конкурентските предности на услужните претпријатија”, Симпозиум на сметководителите на Р.Македонија, Струга, 2012;
- М. Трипуноски, А. Николовски, М. Топалоска, “Social problems, The labor market and poverty, ways of implementing measures for and solution to the problem in R.M.” , 2nd International conference on economic development and standard of living (EDASOL, 2012), Banja Luka, 2012;
- М. Трипуноски, А. Николоски, М. Матовска, “Waste management in Relation to Sustainable Development” , II International scientific conference university of Prešov in Prešov CCEDEP Prešov, 2012;
- М. Трипуноски, А. Николовски, “ Global marketing communications in the 21st century “, I International scientific conference on market communication development, Belgrade, 2012;
- M. Трипуноски, А. Николовски , “ Informatics – generator of new products and service technologies”, III International Conference “ Capitalism in Transition”, Belgrade, 2012;
- М. Трипуноски, А. Николовски, “Cultural politics in the countries in transition, International scientific conference “ Tradition, modernization and identities”, Faculty od Philosophy , Niš, 2012;
- М. Трипуноски, А. Николовски, “Global marketing program, standardization of the international market” , International Scientific Conference, Educons University, Sremska Kamenica, maj 2012;
- М. Трипуноски, А. Николоски, А. Василева , “ The range and challenges of the development of moral restoration in the economics development”, The 5th International Scientific Conference, Beograd 2013;
- М. Трипуноски, А. Николовски, А. Василева “ Парадокси на глобалните маркетинг комуникации (необичности, неверојатности, спротивни сфаќања)”, II Меѓународни научни скуп о развоју тржишних комуникације, Power of communication 2013, Beograd 2013;
- М. Трипуноски, А. Николовски “ Global economy a mechanism for the coordination of the phases of international development of the economies of scale”, Научна конференција, Универзитет за национално и световно стопанство, Софија, 2013;
- М. Трипуноски, А. Николовски, А. Василева, “Economic development – The demand in global business toward business markets“, International scientific conference on economic development and standard of living, EDASOL 2013 година, Бања Лука.
Меѓунардни рецензирани трудови објавени во период 2009 – 2013 – коавторство:
- A. Николовски, Ѓ. Тоновски, М. Трипуноски, “Global economy, Technological information revolution, Global culture, state globalization, new global order, Prvi naucni skup sa medunarodnim ucešcem, Univerziteta Educons, Sremska Kamenica Novi Sad, 2010
- Ѓ. Тоновски, А. Николовски, М. Трипуноски, “Društveni uticaj na oblast turizma (iskustva u Republici Makedoniji), Prvi naucni skup sa medunarodnim ucešcem, Univerziteta Educons, Sremska Kamenica Novi Sad, 2010
- A. Николовски, М.Трипуноски, “Računovodstveno – informacioni sistemi I njegovi sastavni elementi u Makedoniji, 14 Međunarodni simpozij, Neum Sarajevo, 2011;
- M. Матовска, М. Трипуноски, З. Силјановска, “ The inflow of foreign direct investments in the west Balkan countries within the process od EU accession”, 1st International Scientific Conference on economic development and standard of living “EDASOL 2011 – Economic development and Standard of living”, Banja Luka, 2011;
- A. Николовски, М. Трипуноски, Ѓ. Тоновски, “ Sustainable Economic Development in the Transition Countries, with a Retrospect on the Republic of Macedonia”, 1st climate change, economic development, environment and people conference (CCEDEP), Novi Sad, 2011;
- А. Николовски, М. Трипуноски, Ѓ. Тоновски, “ Regional and subregional economic cooperation, open partnerships for the development of tourism”, Naučni skup: “ Realni sector, finansijski institucije I usluge u globalnoj krizi – mogučnosti oporavka”, Univerzitet Edukons, Sremska Kamenica, 2011;
- А. Николовски, М. Трипуноски, М. Топалоска, “Corporate Leadership and the Dynamic Functions od Marketing Management”, 3rd International Conference od Economic Sciences, Kaposvar University, Kaposvar Hungary, 2011;
- А. Николовски, М.Трипуноски, М. Топалоска “Criteria in the Creation of Waste management concept”, II International scientific conference, University of Prešov in Prešov CCEDEP 2012.
- F. Miftari, М. Трипуноски “ Plublic – private partnership as an incentive instrument of local economic development in the R. Macedonia, 4th International Conference od economics Sciences, Kaposvar, Hungary, 2013;
- А. Николовски, М. Трипуноски, “ Transnational model of organization, global perspecitive for the development of companies”, Универзитет за национално и световно стопанство, Софија, 2013;
Меѓунардни рецензирани трудови објавени во 2014:
- М. Трипуноски, А. Николовски, А. Василева, “Креирање иновација и развој на нов производ”, International Scientific Conference “Inovations and enterepreneurship, Theory and practice”, The Academy in Business in Dabrowa Gornica April 2014 Poland;
- М. Трипуноски, А. Николовски, А. Василева, ”Испорака на вистински вредности до потрошувачите, основа за верување во маркетингот”, Петти научни собир ”Велика рецесија и криза неолибералне економије”, Универзитет ЕДУКОНС – Сремска Каменица 2014 година;
- М. Трипуноски, А. Николовски, А. Василева, “Глобален адвертајзинг и продажна промоција”, III Меѓународни научни скуп о развоју тржишних комуникација, Моќ комуникације 2014 – Београд, 2014;
- М. Трипуноски, А. Николовски, А. Василева, “ Macroeconomic policies for crucial economic growth for economic development”, VI International conference “Economy and Politics” Belgrade, 2014;
- М. Трипуноски, А. Николовски, А.Василева, “Маркетинг менаџмент и односи со потрошувачите”, International Conference on Marketing, Management and Economics EUMMAS 2014 Sarajevo – BIH.
- М. Трипуноски, М. Трипуноска “Интелектуален капитал на нациите “, International Scientific Conference, Охрид 2014
- Florije Miftari, Mirko Tripunoski, MARKET FINANCING OF BUDGET DEFICIT – COST AND: CASE OF MACEDONIA; VI INTERNATIONAL CONFERENCE “Economy and Politic” Beograd 2014.
- Nada Petrusheva, Aleksandar Nikolovski, Mirko Tripunoski, Uloga Izvoznih Kreditnih Agencija u Podsticanju Ekonomske Aktivnosti Putem Finansiranja i Osiguranja Izvoza, VI INTERNATIONAL CONFERENCE, Beograd 2014;
- М.Трипуноски, Р.Петров, “Функции на логистиката во стопанството при забрзан економски развој”, International magazine for social science “Vizione” Скопје Р.Македонија;
- М.Трипуноски, А.Николоски, А.Василева, “Применето образование, вложување во вештини во поквалитетни општествено економски резултати”, IV Меѓународни скуп о економском развоју и животном стандарду ERASOL 2014, Banja Luka:
- М.Трипуноски, А.Николоски, А.Василева, “Структурата на високото образование, основа за развој на механизмите на отворени иновации и вложувања во вештини при управување со производите и зелен инжинеринг”, FOURTH INTERNATIONAL SCIENTIFIC CONFERENCE CCEDEP 2014, Plovdiv – Bulgarija:
- В.Наумоски, М.Трипуноски, “Реформите на образованието, основен принцип за зголемување на општественото влијание, индикатор во процесите на отворена економија која споделува ресурси и способности”, Меѓународни научни скуп о економском развоју и животном стандарду, ERASOL 2014, Banja Luka.
- Florije M. Tripunoski M. “Market finance of budget deficit”, VI-Inter.BG, 2014
- Петрушева Н., Николовски А., Трипуноски М., “Улога и значај на кредитни агенции”, БГ, 2014
- М. Трипуноски, Р.Петков, “Функција на логистика” , Визионе 2014
- М.Трипуноски, А.Николовски, М.Трипуноска “Интерактивен маркетинг истражувачки проект за квалитетен меѓународен менаџмент и влијание во ЕУ”, Софија, 2014
- М.Трипуноски, А.Николовски, А. Василева, “Глобален адвертајзинг и продажна промоција (бизнис маркетинг позиционирање)”, Моч комуникације, Белград, 2014
- International Scientific Conference “Innovation and entrepreneurship, theory and practice”, M.Tripunoski, A.Nikolovski, A.Vasileva, “Creating innovation and development of a new product (management innovations)”, Forum Science Economic, 2014, ISSN 2300-5947-isbn 973-83-62897-85-8
Меѓунардни рецензирани трудови објавени во 2015:
- M.Трипуноски, А. Николовски, М.Трипуноска, “Макроекономски политики и фактори на економски раст во отворени економии”, 6та Научна конференција- EDUCONS универзитет, Сремска Каменица-Нови Сад,2015
- М.Трипуноски, Л.Арсовски, М.Трипуноска (2015), “Макроекономски агрегати за економски развој”, I International Congress on Economics and Business (ICEB-2015)
- М.Трипуноски, Л.Арсовски, М.Трипуноска, “Корпоративен идентитет, публицитет, односи со јавноста и рекламирање”, Интернационална мајска конференција MUSM , Бор
- М.Трипуноски, А.Николовски, М.Трипуноска, (2015), “Сегментација на пазарот при избор на таргет пазари”, 5th International Conference of Economics Science- Kaposhvar University –Hungary
- М.Трипуноски, С.Трипуноска, М.Трипуноска, 2015, “Маркетинг стратегии на интернет и комуникација со потрошувачите”, IV Меѓународни научни скуп о развоју тржишник комуникације, Белград
- М.Трипуноски, С.Трипуноска, М.Трипуноска, “Јавни политики како фундаментални концепти на макроекономијата или криза на демократијата”, 7ма Меѓународна научна конференција, Белград, 2015
- М.Трипуноски, В.Наумовски, М.Трипуноска, “Quality management, a vital issue for effective management”. 5th International Scientific Conference on economic development and standard of living, Banja Luka,2015
- В.Наумовски, М.Трипуноски, М.Трипуноска, “Производство, конкуренција и оперативна функција на менаџментот”, 5th International Scientific, Conference on economic development and standards of living, Banja Luka, 2015
- M.Трипуноски, А.Николовски, М.Трипуноска, “Организациски дизајн, фактор за оптимална употреба на ресурсите”, International Conference, UNWE , Sofia, 2015
- М.Трипуноски, А.Николовски, А.Василева, 2015, “Economic development and the demand in Global Business towards business markets”, Horizon Research, Publishing Corporation, Advances in Economics and Business
- М.Трипуноски, А.Николовски, А.Василева, 2015, “Applied education, investment in social skills for better economics results”, Часопис за економију и тржишних комуникације ISSN 2232-8823, June, 2015
Меѓунардни рецензирани трудови објавени во 2016:
- М.Трипуноски, С.Трипуноска, М.Трипуноска, 2016, “Фактори за унапредување на конкурентноста на регионалните економии на патот кон ЕУ”, Седми научни скуп, Универзитет ЕДУКОНС, Сремска Каменица, 2016
- Б.Сибиновски, Ф.Ферати, М.Трипуноски, “Маркетинг менаџмент стратешко позиционирање на производството и потрошувачката во услови на институционална криза”VII Научни скуп универзитет ЕДУКОНС, Сремска Каменица, Нови Сад,2016
- М.Трипуноски, С.Трипуноска, М.Трипуноска, “Позиционирањето на стратешкиот маркетинг во комуникација со јавноста и заедницата”, 5та Меѓународна Научна Конференција, Белград, 2016
- Ф.Ферати, Б.Сибиновски, М.Трипуноски, “Современи комуникациски вештини во интегрирање и управување на односите со јавноста во локалните заедници”, 5та Меѓународна научна конференција, Белград, 2016
- М.Трипуноски, Л.Арсовски, Б.Сибиновски, “Модерен комуникациски менаџмент и создавање на корпоративен имиџ”XII Меѓународна Научна конференција за стратешки менаџмент INNSM, 2016, Бор, Србија
- М.Трипуноски, Б.Сибиновски, Ф.Ферати, “Глобализацијата како реалност или идеологија на нивно време”, 8ма Меѓународна конференција, Белград, 2016
- М.Трипуноски, С.Трипуноска, Б.Сибиновски, “Глобализацијата на културата,универзална цивилизација во идентитет на глобалниот пазар”, 8ма Меѓународна Научна Конференција, Белград, Србија, 2016
- М.Трипуноски, Ф.Ферати, Б.Сибиновски, “Современ менаџмент во време на глобализација, индикатор за динамично општество”, 12та Меѓународна Научна Конференција, UNWE, Софија, Бугарија, 2016
Меѓунардни рецензирани трудови објавени во 2017:
- M.Трипуноски, С.Трипуноска, Ф.Ферати, 2017, “Зелен инженеринг-пресметка на трошоци за заштита на околината”, Трета меѓународна научна конференција за климатски промени, ФОН, Скопје
- М.Трипуноски, А.Николовски, В. Ферати Мустафи, 2017, “Актуелни проблеми на одржливиот развој и еколошкиот менаџмент”, Трета Меѓународна Научна конференција ФОН, Скопје
- М.Трипуноски, М.Трипуноска, Л.Арсовски, “Dynamic economy, model of sustainable socio-economic changes”, 9th International Scientific Conference, Belgrade, 2017
- М.Трипуноски, М.Трипуноска, Б.Сибиновски, В.Ферати Мустафи, “Развој на институциите, економска соработка и политика на развој на региони, можно економско позиционирање во 21от век”, Осми Научни скуп Универзитета ЕДУКОНС, Нови Сад, 2017
- М.Трипуноски, Л.Арсовски , Б.Сибиновски, “Позиционирање на комуникациите како глобален феномен- одлучувачки ли сепотребите и желбите”,Шести меѓународни научни скуп о тржишних комуникација, Белград, 2017
- М.Трипуноски, Б.Сибиновски, Ф.Ферати , “Стратегиско менаџирање, организациски модели и одржливост на бизнис претприемништвото во Р.М”, VII Меѓународна конференција EDASOL, Бања Лука, 2017
- М.Трипуноски, Ф.Мифтари, М.Трипуноска, Н.Туркеши, “Marketing management design of the organizational demand in promoting competitiveness and prosperity of decomposition”, International Research Journal, Prishtina,Zagreb ,2017
- М.Трипуноски, А.Николовски, М.Трипуноска, “Влијанието на маркетинг менаџментот на регионалните стратегии за развој ”, UNWE, Sofia, 2017
Меѓунардни рецензирани трудови објавени во 2018:
- M.Tрипуноски, М.Трипуноска, “Information Management and technological systems, safety of corporate data”, X International Scientific Conference “Freedom and safety in the real cyber space”, Belgrade, 2018
- З.Леов, М.Трипуноски, Л.Арсовски, “Менаџмент и развој на маркетинг канали”, Визионе, 2018, Скопје
- В.Ферати-Мустафи, М.Трипуноски, Л.Арсовски, “Регионален развој и конкурентски односи на Западен Балкан”, Визионе, 2018
- Ф.Ферати, М.Трипуноски, С.Трипуноска, “Правно здравство и социјалниот макетинг во Република Македонија”, Визионе, 2018, Скопје
Творештвото на проф. д-р Мирко Трипуноски е поделено во неколку истражувачки области, од научното поле економија. Имено, првата област непосредно е поврзана со политичката економијата, втората област се однесува на маркетингот и третата област на трудови од сродни научни области во полето економија. Проф. д-р Мирко Трипуноски има познавање и говори германски, француски и албански јазик.