проф. д-р Љубица Кардалеска - Радојкова Факултет за странски јазици

  • Функција: Декан
  • Образование:
  • Предмети:

Име и презиме:

Љубица Кардалеска-Радојкова

 

Кратко наративно био:

Како доктор по филолошки науки, моите истражувачки интереси во полето на лингвистиката се насочени кон јазичните системи на англискиот како странски јазик и македонскиот јазик, низ контрастивната анализа, примената на преводот, усвојувањето на читачките вештини. По завршувањето на обука од областа методика на наставата по англиски како странски јазик во Велика Британија (Лондон), се стекнав со меѓународно признат сертификат (Cambridge CELTA). Интересот за областа на усвојувањето на јазикот, вклучително и специфичните јазични тешкотии ме доведоа во соработка со Институтот за експериментална фонетика и патологоја на говор во Белград каде завршив обуки на тема Билингвизам, Препознавање и превенирање проблеми во јазичниот развој кај децата, со акцент на подрачјето Дислексија. Интересот за јазикот, особено контрастивните проучувања, имав можност да ги продлабочувам како член на лингвистичките средби во Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ. Дополнително, контрастивните проучувања имав можност да ги осознавам и преку ангажман на преведувачки проекти во Краков и Варшава, Полска, Талин, Естонија, Стокхолм, Шведска. Во доменот на усвојувањето странски јазици, учествував на проект при Универзитетот ФОН ,,Ефектите од раното учење странски јазици” одобрен од Министерството за образование и наука на РМ, како член на истражувачкиот тим. Своите  трудови од наведените области ги имам излагано на стручни и научни собири од областа на применетата лингвистика.

 

Предмети кои сте ги предавале и предавате во моментов:

Морфологија на англискиот јазик

Теории и техники на преведување

Јазик, култура и комуникација

Деловен англиски јазик

Англиски јазик во струка

 

Теми и области во кои менторирате дипломски работи и магистерски трудови:

Морфологија на англискиот јазик

Теории и техники на преведување

Јазик, култура и комуникација

 

Истражувачки интерес:

Граматика на англискиот и на македонскиот јазик

Контрастивна анализа

Усвојување на читачки вештини

Читање и Дислексија 

 

Објавени трудови: текстови во академски списанија, во зборници или објавени книги

“A Comparison of the Effects of Two Reading Comprehension Approaches: Metacognition and Graphic Organizers - A Case Study of a Reader with Dyslexia” во Current Topics in Language and Literature: An International Perspective, Cambridge Scholars Publishing, 2019, стр. 139-148
"Teachers as material designers - insights from designing an ESP course book in English for political science and diplomacy" (во ко-авторство со Габриела Неделкоска) - Positioning English for Specific Purposes in an English Language Teaching Context, University of Nis, Serbia, no.1, јули 2018, стр. 94-100.
"Revisiting the view of phonological and phonemic awareness as early predictors in reading difficulties" (во ко-авторство со Александра Каровска-Ристовска) VIZIONE Skopje 29/2018, јануари 2018, стр. 23-31;

“Parallel Thinking Tools in ESP language instruction” Journal of Teaching English for Specific and Academic Purposes, University of Nis, Vol. 4, no.2, 361-365, стр. 2016;
“Points of intersection between linguistics and law-enforcement”, Меѓународен годишник на Факултетот за безбедност, 2016/2, стр. 94-100
 “Individualized approach as a form of adjustment in reading instruction for dyslexic pupils” International magazine for social sciences VIZIONE Skopje 24/2015, стр. 47-57.
 “On parents’ beliefs about early second language acquisition”, Зборник на трудови – Конференција ELLSEE – Филолошки факултет, Катедра за англиски јазик, Белград, 2014.
“The impact of jigsaw approach on reading comprehension in the ESP classroom” – Journal of Teaching English for Specific and Academic Purposes –University of Nis, Serbia, Vol.1, no.1, 2013, стр. 53-58.
“Active learning techniques as instructional tools aimed at fostering reading comprehension in the ESP classroom”, Department of Foreign Languages, Academy of the Interior Troops, Ministry of Internal Affairs, Kharkiv, Ukraine, 2013;
,,Воведување странски јазици на рана возраст – биолошки и социолошки фактори’’, Литературен збор (4-6), 2012;
,,Развојната дислексија како јазична тешкотија”, Литературен збор (1-3), 2012;
,,Влијанието на контрастивниот приод при совладувањето на семантичкиот опсег на англискиот сегашен перфект” -  Зборник на рецензирани трудови - Конференција - Филолошка истраживања данас,  Белград,  2012;
,,Најзастапени тешкотии при усвојувањето на компонентите на англискиот сегашен перфект од страна на говорителите со македонски мајчин јазик” – Зборник на рецензирани трудови - Меѓународен конгрес за применета лингвистика, Нови Сад, 2011;
,,Ambiguity as an instrument in verbal expression”, Komunikacija i kultura, issue II - online journal (peer-reviewed), 2011;
,,Континуитет во јазичното образование  на сите нивоа на формалниот образовен систем”, Зборник на трудови, Конференција – Наука и савремени универзитет, Ниш, 2011;
,,Јазичен пуризам и јазична глобализација врз примери од современиот македонски јазик”, Јазикот наш денешен, книга 20, Институт за македонски јазик, Скопје, 2011;
,,Статусот на негацијата во реченични структури со композитот додека не”,  Прилози на МАНУ, XXXVI, 1-2 (посветен на акад. Зузана Тополињска), 2011;
,,Специфики на говорниот развој кај близнаците”, Литературен збор (1-3), 2009;
,,Синонимските низи при усвојувањето на вокабуларот”, Литературен збор (4-6), 2009;
“Verbs + ing forms and Verbs + (to) Infinitive” - distinctions  - HUPE – Newsletter, Загреб, 2009;
,,Јазикот и социјалниот престиж”, Годишен зборник на трудови, Универзитет ФОН, 2009;
“Building and Maintaining an Adequate Vocabulary”, MELT - Newsletter, ELTA, Белград, 2008;
,,Експоненти на адверсативната релација во англискиот и во македонскиот јазик”, Slavia Meridionalis, Полска академија на науките и уметностите, 2003;
,,Формални експоненти на семантичката категорија Определеност - контрастивна анализа на употребата на членот во англискиот и во македонскиот јазик” – Зборник на рецензирани трудови, Научен собир, Adam Mickiewicz University, Познан, Полска, 2003;
,,Синтаксичка деривација” – превод на англиски на поглавје од едицијата ,, Полски – македонски, Граматичка конфронтација”  (бр. 6) – од акад. Зузана Тополињска, МАНУ, 2003;
,, Bilingual children”  – II Меѓународен симпозиум за билингвизам, Универзитет Виго,  Шпанија,2002;
,,Уривањето на Кулата Вавилонска – благослов или проклетство” - Зборник на трудови - Поглавје Преведување – Конференција за применета лингвистика, Нови Сад, 2001.
Универзитетски учебници:
Процена и стратегии за работа со ученици со дислексија, дискалкулија, дисграфија и диспраксија (во ко-авторство со Александра Каровска Ристовска, Горан Ајдински и Орхидеја Шурбановска), Филозофски факултет, УКИМ, Скопје, 2018

 Специфични тешкотии во учењето (Дислексија, Дисграфија, Дискалкулија и Диспраксија) (во ко-авторство со Александра Каровска Ристовска и Горан Ајдински), Филозофски факултет, УКИМ, Скопје, 2016

Компендиум на англиски текстови  (со јазични вежби за лексика и анализа на текст)  Учебно помагало за англиски јазик во струка (Политички науки, меѓународни односи и дипломатија) (рецензиран ракопис), 2012


Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?