Г-ѓа Ана де ла Фуенте Кабаљеро донира книги на ФСЈ


Г-ѓа Ана де ла Фуенте Кабаљеро, Генерален секретар на Амбасадата на Кралство Шпанија во РМ, беше гостин на Факултетот за странски јазици на покана на виш лектор м-р Наташа Алексоска при што донира книги на шпански јазик (енциклопедии, речници, монографии, современи романи, збирки раскази итн.) за студентите по шпански јазик и сите љубители на шпанската литература на ФОН Универзитетот со поддршка на Г-ѓа Венера Гудачи, советник за односи со јавност на Амбасадата на Кралство Шпанија во РМ.
Свесни колку се тешко достапни во РМ делата напишани на шпански јазик, Деканот на Факултетот за странски јазици, проф. д-р Лилјана Митковска, на гостинката срдечно и додели благодарница и изрази задоволство од збогатувањето на книжевниот фонд на универзитетската библиотека.
Г-ѓа Ана де ла Фуенте Кабаљеро имаше можност да се запознае и да поразговара со група студенти во библиотеката на Универзитетот ФОН пред да одржи клиничка настава со студентите по шпански јазик од додипломските и постдипломските студии на теми од сферата на шпанската култура.
