Трансформација на ФОН Универзитет во Американски универзитет на Европа-ФОН

Првиот приватен универзитет – ФОН од денеска и официјално го менува своето име во Американски универзитет на Европа– ФОН (American University of Europe - FON), AUE- FON.
Овој процес е проследен со соодветни акредитации во Македонија, како и меѓународни акредитации во Европа и во САД согласно највисоките образовни стандарди.
Промените ги најавивме уште на почетокот на годинава на меѓународниот симпозиум по повод денот на образованието 24 јануари, кога беше промовиран и новиот одбор за доверба (board of trustees) во кој учествуваат еминентни претставници од повеќе сфери на општествениот живот: доктори на науки, професори на истакнати Универзитети, добитници на Нобелова награда, поранешни и сегашни раководители на значајни глобални институции како што се (УНЕСКО, ММФ и други) сегашни и поранешни министри за образование (на Франција, Гвинеја, Буркина Фасо, Доминиканска Република), истакнати светски реномирани научници, поранешни тренери и спортисти, фондации и бизнисмени.
Со оваа промена создаваме можност за компетитивност, подготвување за реалниот професионален живот преку спојот на теоријата и праксата, квалитетот на студиите, прогресивните услови за работа и учење. Создаваме интелигенција со интегритет за иднината.
Посебен акцент во обмислувањето на овој иновативен пристап и систем на образование е ставен на практичната примена на образованието во компаниите и инвеститорите, каде на студентите ќе им се понуди нова можност за интерактивна соработка во доменот на профилирање на кадрите,, стручно усовршување и доживотно учење.
Како и во изминативе 17 години, универзитетот ќе продолжи со својата посветеност во доменот на социјалната одговорност, преку имплементација на програми за стипендирање и давање поддршка на социјално загрозени категории.
Оваа трансформација сметаме дека е значаен чекор и поттик и за македонскиот образовен простор, со само една цел - да се зајакне квалитетот на образованието и да се промовира науката. За сега, Американскиот Универзитет на Европа – ФОН , продолжува да работи со сегашните и идните студенти, со 9-те факултети и повеќе од 45 насоки, со исклучително атрактивни можности за учење и трансфер на знаења од страна на еминентни домашни и странски професори, нобеловци,експерти, како и личности од светот на бизнисот и практиката, за во иднина само небото да биде граница!
Ги поместуваме границите кон нови хоризонти..

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?