КОНКУРС за избор на идејно решение за заштитен знак (лого)

Универзитет  ФОН,   силно мотивиран да создава највисоки образовни стандарди за своите студенти,  покрај европскиот кредит трансфер систем, воведува и американски систем на образование  согласно највисоки образовни и деловни стандарди. Со оваа промена создаваме можност за компететивност, подготвеност за реалниот живот преку практичност, прагматичност и квалитет во студиите, прогресивни услови за работа и учење.  Заради промена на називот во „Американски универзитет на Европа– ФОН ( American University of Europe - FON ), Универзитетот, објавува:

 

КОНКУРС

за избор на идејно решение за заштитен знак (лого)

 

Конкурсни услови:

Право на учество на конкурсот имаат домашни и странски, физички и правни лица.

Секој од учесниците на конкурсот има право да понуди најмногу по  3 идејни решенија.

 

Конкурсни критериуми :

Идејното решение на заштитниот знак (лого) треба:

·       Да биде оригинално, уникатно досега неупотребувано идејно решение

·       идејното решение со високо ниво на иновативност, впечатливост и оригиналност;

·       да содржи уметничко – естетските елементи препознатливи за дејноста на вискообразовната установа

·       да биде изводливо

 

Идејното решение за заштитниот знак (лого) задолжително се доставува на македонски и англиски јазик и треба да да го содржи текстот: „Американски универзитет на Европа– ФОН“ односно  „American University of Europe- FON“

Заштитниот знак (лого) треба да се достави во боја, црно/бело и негатив. Заедно со идејното решение авторот доставува и кратко објаснување за дизајнот како и предлог за употреба на заштитниот знак (логото) на визит карта, меморандум и сл. Идејното решение се доставува во векторски формат: .eps, .pdf, .ai, и во битмап формат: .jpg, a презентацијата со заштитниот знак, краткото објаснување и предлог употребата во .pdf формат.  Датотеката треба да биде именувани на следниов начин: imeprezime_logoAUEFON и imeprezime _prezentacija AUEFON.

 

За избраното идејно решение, авторот ќе добие авторски надомест од  60.000,00 денари Авторските права ќе се уредат со договор за откупување на правото на трајно и неограничено користење на авторското дело без никакви обврски спрема авторот освен утврдениот авторски надомест од 60.000,00 денари.

 

Краен рок за доставување на идејно решение:

Идејните решенија се доставуваат најдоцна до 12:00часот на 15 мај 2020 година,

Идејните решенија се доставуваат електронски на следната електронска пошта: aue.fon.konkurs@fon.edu.mk

 

Оценувањето на идејните решенија поднесени на конкурсот за избор на идејно решение го врши Комисија. Изборот на идејните решенија ќе биде објавен, најдоцна во рок од 15  дена од денот на завршување на конкурсот.

Комисијата го задржува правото да не избере ниту едно од поднесените идејни решенија.

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?