Соопштение од в.д. Ректор Проф. д-р. Љубомир Фрчкоски

Драги студенти, 

Од името на Универзитетот АУЕ ФОН, заедница на наставници, истражувачи,  административен персонал, ми претставува задоволство и чест како Ректор да ви се обратам и да ви посакам успешна академска година (2020/2021).  

На Универзитетот АУЕ ФОН ќе учите од исклучително компетентни професори во соодветните области. Со стекнувањето нови сознанија ќе се поттикнуваме меѓусебно подлабоко да ги осознаваме и новите и старите прашања, користејќи разновидни научни методи.

Ве уверувам дека сте тука затоа што можете да придонесете со нешто ново и поинакво во оваа богата и разнолична академска заедница (чија образовна филозофија е заснована на најдобрите практики, вклучително и американските образовни стандарди).  

Покрај критичкото мислење, ќе учите и развивате практики на толеранција во една плодна традиција на мултикултурализам, како што е традицијата на македонското општество,  поставена и во глобална перспектива. Вредностите на инклузивност и дијалог како основа на културата на либерална граѓанственост се исклучително значајни за нас, но и за регионот кој е во транзиција кон демократија. 

Ве охрабрувам да поставувате пред себе цели и предизвици секојдневно и да бидете отворени кон нови идеи и искуства.

Стекнувајќи го своето образование во средина просветлена со хуманизам, солидарност и знаење, ќе бидете подготвени да создавате благосостојба и за пошироката заедница.

Очекуваме успешна заедничката работа со вас во периодот што претстои.

 

Ректор

Проф. д-р Љубомир Д. Фрчкоски

Професор по меѓународно право

 

-------------------------------------------------------------------------------------------------

Announcement from the acting Rector Prof. dr. Ljubomir Frckoski

 

Dear students, 

On behalf of the whole AUE FON community – a partnership of teachers, researchers, supporting staff, it is both an honor and a great pleasure for me as Provost of AUE FON University to welcome you all to a new academic year (2020/2021).  

As you know at the AUE FON you will be learning from the very competent teachers in the field.  By gaining new insight and knowledge, we will inspire one another to reflect profoundly on both new and old questions by using varied scientific methods.  

I can assure you that you are here because you can bring something new and exciting to this diverse learning community (based on the best practice and educational philosophy, incorporating the American educational standards). 

In addition to critical thinking skills, you will learn and practice tolerance through the Macedonian society as a setting with a fruitful tradition of multiculturalism, enriched with a global perspective. The values of inclusiveness and dialogue as fundamental in the culture of liberal citizenship are essential for us as well as the region going through transition towards democracy.

I encourage you to challenge yourself and your peers on a daily basis, to be open to new ideas, experiences, and directions. Thereby we can create an academic community enlightened by humanism, solidarity and knowledge and contribute to the wellbeing of our wider communities. 

 

We look forward to working with you over the years to come. 

 

 

PROVOST          

Ljubomir D. Frchkoski, PhD  

Professor of International Law

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?