Соопштение за полагање на прв колоквиум за студентите запишани во прв семестар во академската 2020/21 година

1.     Полагањето на колоквиумите за студентите запишани во прва година во академската 2020/21 година, ќе се одржува со физичко присуство на студентите во предавалните и амфитеатрите, со строго придржување до протоколите за спречување на КОВИД 19.

Согласно протоколите исклучок ќе бидат студентите кои се позитивни на ковид 19, имаат решение за изолација,или други оправдани причини заради кои се оневозможени физички да присуствуваат на полагањето, за што треба да приложат соодветен доказ.

Распоредот за полагање на колоквиумите ќе биде дополнително објавен на веб порталот на АУЕ-ФОН.

 

2.       Колоквиумите ќе се полагаат по модел на прашања (писмен тест), кој модел е усогласен и е претставен во продолжение на следниот линк. Преземи тука
 

3.       За некои од предметите од некои факултети ( Спортски менаџмент, Архитектура, Дизајн и мултимедија,  Информатика и сл.), кои имаат специфична природа на наставната програма ќе бидат дополнително објавени посебни модел тестови.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?