ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА РЕКТОР

Согласно член 97, став 3 од Законот за високото образование и член 67, став 2 од Статутот на Американскиот универзитет на Европа - ФОН, Универзитетскиот сенат, на седницата одржана на 16.06.2021 го распиша следниот:

 

О Г Л А С

ЗА ИЗБОР НА РЕКТОР

 

            Се распишува јавен оглас за избор на ректор на Американскиот универзитет на Европа - ФОН.

 

            Покрај општите услови за работа, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните услови:

                        - да имаат стекнато научно звање доктор на науки;

- да имаат актуелно наставно-научно звање редовен професор;

- да имаат искуство во раководење на високо-образовна установа.

 

            Кандидатите треба да ги приложат следните документи:

                        - CV;

                        - диплома за стекнто научно звање доктор на науки;

                        - одлука за избор во наставно-научно звање редовен професор;

                        - програма за работа.

 

            Доколку кандидатите стекнале научно звање доктор на науки во странство, трба да приложат и нотарски заверен превод од дипломата, на македонски јазик, и решение за признавање образовна квалификација стекната во странство (нострификација), издадено од Министерството за образование и наука. Доколку кандидатите го стекнале наставно-научното звање редовен професор на странска високо-образовна установа, треба да проложат и нотарски заверен превод, на македонски јазик, од одлуката за избор.

 

            Ректорот се избира за временски период од три години.

 

            Рокот за пријавување на кандидатите изнесува 2 месеци од денот на објавувањето на овој оглас.

 

            Пријавите на кандидатите кои не ги исполнуваат условите од овој оглас, како и нецелосните и ненавремените пријави ќе бидат отфрлени.

 

            Пријавите се поднесуваат во архивата на Американскиот универзитет на Европа - ФОН или по пошта на:

                        бул. Киро Глигоров бр. 5

                        Скопје.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?