Повик за обука за политичка партиципација на граѓаните и граѓанските организации
Повик за учество на еднодневна online обука која ќе се одржи на 21.04.2022 на тема : Политичка партиципација на граѓаните и граѓанските организации.
На оваа обука може да се пријават заинтересирани студенти од сите факултети во рамките на ФОН Универзитет.
Пријавувањето е до 15 Април 2022 на e-mail адреса: jasmina.trajkoska@fon.edu.mk
Обуката ги опфаќа основните поимања на граѓанска и политичка партиципативност, јавна политика и видови на политичка култура. Дополнително ги опфаќа и начините преку кои граѓаните и граѓанските организации можат да делуваат на локално и централно ниво во рамките на политичкиот систем на Северна Република Македонија.
Кои се механизмите преку кои можат да се создаваат граѓански иницијативи, да се организираат активности, предлози и промени на одлуки на локално и централно ниво. Што подразбира ПВР (Проценка на влијание на регулатива), на кој начин може граѓаните и граѓанските организации да учествуваат директно во креирање на јавните политики?
Целта на оваа обука е вмрежување на студенти од различни факултети преку неформална едукација и запознавање со партиципативната политичка култура и нејзините механизми
Обуката ќе ја спроведат Проф. д-р Јасмина Трајкоска Наумоска и претставник од Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје.