X
press enter »
MK
EN

Повик за обука за академско пишување

Повик за учество на еднодневна online обука по академско пишување која ќе се одржи на 16.04.2022 година.
На оваа обука може да се пријават студенти кои се во завршна година на студии, прв и втор циклус на студии од сите факултети во рамките на АУЕ-ФОН Универзитет. Пријавувањето е до 14 Април 2022 на e-mail адреса: sejdefa.dzafche@fon.edu.mk
Оваа обука има за цел да им помогне на студентите кои се во завршна фаза на студии да се стекнат со знаења, вештини и способности во процесот на пријавување и подготовка на завршните академски трудови (дипломски и магистерски). Преку обуката за академско пишување студентите треба да го разберат процесот на пишување и тоа од планирањето и определување на предметот на истражување, до самото уредување и ревидирање на пишаниот труд. Преку овој курс покрај техничките детали и правила за академско пишување, студентите ќе имаат можност да се стекнат со вештини со кои ќе го организираат и самостојно ќе ги реализираат сите постапки во научно-истражувачката работа: пребарувањето и селектитрањето на научната литература, користењето на примарните, секундарните и терцијарните извори на податоци, организирањето и структурата на пишаниот текст, процесот на неговото пишување, уредување и ревидирање.
Обуката ги опфаќа сите фази во изработката на завршните академски трудови (дипломски и магистерски) и тоа:
- Избор и формулирање на темата на истражувањето;
- Формулирање на основните тези;
- Структура и елементи на идејната скица (дефинирање на истражувањето; предмет и цел на истражувањето; креирање на хипотези; примена на методи; литература);
- Делови на трудот (вовед, главен дел, заклучок, библиографија);
- Начини на цитирање и наведување на извори во академски трудови: оксфордски стил на цитирање (Oxford Referencing System), ванкувер стил за цитирање (Vancouver Citation System), хардверски систем (The Harvard Referencing System) или АПА (APA - American Psychological AssociationAPA) стил за цитирање и наведување на извори во академските трудови.
Целта на оваа обука е да се развијат вештините на анализирање, аргументирање, полемизирање, вреднување и организирање на информациите, јазичното изразување, идентификување, интерпретација и генерирање на нови знаења во процесот на подготовка на завршните академски трудови. Обуката ќе ја спроведе проф. д-р Сејдефа Џафче.
Обуката е бесплатна и ќе се реализира во период од 10:30 до 15 часот.