X
press enter »
MK
EN

Известување за апсолвентско табло

Почитувани апсолвенти,

Ве известуваме дека фотографирањето за апсолвентско табло ќе се одржи во просториите на АУЕ - ФОН според следниов распоред:

  • 18.04.2022 - Факултет за странски јазици; Факултет за спорт и спортски менаџмент;
  • 19.04.2022 - Факултет за економски науки;
  • 20.04.2022 - Факултет за детективи и безбедност;
  • 21.04.2022 - Архитектура;
  • 26.04.2022 - Факултет за дизајн и мултимедија;
  • 27.04.2022 - Факултет за правни и политички науки;
  • 28.04.2022 - Факултет за информатика.

Фотографирањето ќе биде од 09:00 до 17:00 часот.

Цената на комплетот за фотографирање изнесува 1200 денари. Уплатата се врши на жиро сметката на Универзитетот:

300 00000 320 7729 - Комерцијална Банка АД Скопје

Во цената е вклучено:

  • 12 фотографии со формат 6х9 см
  • 24 фотографии со формат 3,5х4,5 см
  • 2 фотографии со формат 10х15 см
  • 2 фотографии со формат 13х18 см
  • 1 фотографија со формат 15х21 см со диплома
  • 1 реплика од апсолвентското табло со формат 30х45 см
  • ЦД со избраните фотографии од сите апсолвенти
  • Фотографирање и сликање на апсолвентската вечер
  • Снимен и монтиран HD материјал од апсолвентската вечер за преземање од интернет
  • Изработка на генерациско табло во соодветна големина за надворешно изложување. Истото ќе биде изработено за секој огранок на Универзитетот посебно.

Со почит,

АУЕ ФОН