X
press enter »
MK
EN

АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРАВНА КЛИНИКА

Почитувани,

Факултетот за правни и политички науки при АУЕ – ФОН организира Правна клиника во летниот семестар за академската 2021/22.

Правна клиника преставува интерактивен метод на едукација каде студентите учат преку работа на реални случаи. Идејата за нејзиното појавување е резултат на потребата студентите по право да се доближат до проблемите со кои ќе се соочуваат како идни правници. Ваквата програма е успешна за остварувањето на образовна, но и за социјална функција, затоа што е фокусирана кон давање помош на лица од ранливи категории кои имаат правен проблем, но не се во можност да си дозволат стручна помош.

Во прилог се наоѓа апликацијата за учество во правната клиника. Право да аплицираат имаат сите студенти од втора до петта година – правни студии со постоечка електронска адреса од универзитетот.

Линк до апликацијата

Рокот за аплицирање е до 28.04.2022.

Правната клиника започнува на 03.05.2022.

За сите информации, заинтересираните може да се обратат до координаторот на правна клиника, проф. д-р Зорица Силјановска на  zorica.siljanovska@fon.edu.mk.

Ваш АУЕ - ФОН