X
press enter »
MK
EN

Промовирани 12 нови изданија по повод 19 години основање на АУЕ - ФОН

16.03.2022

Како дел од активностите посветени на 19 годишното постоење на Американскиот универзитет на Европа - ФОН, денеска Факултетот за правно-политички науки организираше промоција на изданија на наставниот кадар, со што повторно се покажа моќта на истражувачката дејност и се збогати издаваштвото на АУЕ – ФОН универзитетот.

Промовиравме 12 изданија од професори кои претставуваат своевидна афирмација на нивната истражувачка дејност, но и збогатување на издаваштвото на АУЕ – ФОН универзитетот. Со новите изданија, нашите студенти квалитативно и квантитативно го зголемуваат фондот на информации со коишто располагаат и стануваат конкуретни со своето знаење, во многу научни области.

Фондoт на библиотеката на АУЕ – ФОН се збогати со следните изданија:

  • „Судско право“, (учебник), автори проф. д-р Владо Камбовски и доц. д-р Наташа Тодоровска;
  • „Даночно право“, прво издание, (учебник), автор, проф. д-р Сејдефа Џафче;
  • „Економско казнено право“, (учебник), автор проф. д-р Татијана Ашталкоска Балоска;
  • „Пенологија“, (учебник),  автор проф. д-р Татијана Ашталкоска Балоска;     
  • „Вовед во право“, “Казнено право“, “Разузнување“, (учебници), автор проф. д-р Стефан Буџакоски;
  • „Доказни средства – криминалистички и кривично процесни аспекти“, (практикум), доц. д-р Наташа Тодоровска;
  • „Чекор по чекор до добар говорник”, (монографија), автор проф. д-р Александра Србиновска – Дончевски;
  • „Локална самоуправа на Република Македонија - граѓанско сервисна ориентираност”, (учебник); автор проф. д-р Александра Србиновска – Дончевски;
  • „Комуникациски вештини”, (практикум), автор проф. д-р Александра Србиновска – Дончевски;
  • „Специфични тешкотии во учењето (дислексија, дисграфија, дискалкулија и диспраксија)“, aвтори: Александра Каровска-Ристовска, Љубица Кардалеска-Радојкова, Горан Ајдински
  • „Процена и стратегии за работа со ученици со дислексија, дисграфија, дискалкулија и диспраксија“, aвтори: Александра Каровска - Ристовска, Љубица Кардалеска-Радојкова, Горан Ајдински, Орхидеја Шурбановска и
  • „Компендиум на англиски текстови“ (Јазични вежби - Лексика и обработка на текст) Автор: Љубица Кардалеска-Радојкова

Нашата определба е преку пренесеното знаење од страна на докажаниот академски кадар да создаваме лидери во сите области. Дипломци, специјалисти и магистри кои ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот, но и способни да решаваат сложени деловни проблеми во нивниот иден професионален ангажман.

Знаењето е моќна алатка за круцијални промени во секое општество!