Факултетот за економски науки ќе ги учи студентите за медиумска писменост
Американскиот Универзитет на Европа – ФОН во рамките на Факултетот за економски науки ќе ги учи студентите за медиумска писменост, како дел од проектот на УСАИД „Младите размислуваат“.
Во услови на дигитална ера, изложеноста на младите на различни медиуми е главната причина зошто треба да бидат медиумски писмени. Оттука, студентите на АУЕ - ФОН преку медиумската писменост ќе можат да ги разберат пораките од различните медиуми, да воочат дали и кои информации се веродостојни, да размислуваат критички и да ја разберат улогата на медиумите. Само медиумски писмени млади луѓе ќе бидат способни да бидат активни и подготвени да учествуваат во јавниот живот!



