X
press enter »
MK
EN

К О Н К У Р С за запишување студенти на прв и втор циклус студии во академската 2022/2023 година

Согласно член 149 став 1од Законот за високото образование (Службен весник на Република Македонија бр. 82/2018), Американскиот универзитет на Европа - ФОН го распишува следниот:

 

К  О  Н  К  У  Р  С

за запишување студенти на прв и втор циклус студии

во академската 2022/2023 година

 

Прв циклус студии:

 

1. На Американскиот универзитет на Европа - ФОН, во академската 2022/2023 година можат да се запишат вкупно 1.146 студенти на прв циклус студии на следните студиски програми:

- Факултет за странски јазици - слободни 200 места за запишување на следните студиски програми:

            - Програма за јазична и академска подготовка (едногодишни студии, два        

              семестри);

2. Студиската програма се реализира во Скопје.

3. Доколку на одредена студиска програма се пријават помалку од 20 кандидати кои ги исполнуваат условите за запишување во прва година на прв циклус студии, АУЕ - ФОН има право да не започне со настава на таа студиска програма, а на пријавените кандидати ќе им понуди да се запишат на некоја од другите студиски програми.

4. Кандидатите се запишуваат како редовни студенти. Кандидатите кои имаат засновано работен однос или кои поради здравствени причини не се во можност редовно да ја следат наставата, можат да се запишат како вонредни студенти.

5. Право на запишување во прва годинана прв циклус студии, за прв пат, имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование кои имаат положено државна или меѓународна матура. Право на запишување имаат и кандидатите кои завршиле средно образование пред учебната 2007/2008 година и не полагале државна матура, како и кандидатите кои завршиле средно образование во учебната 2019/2020 година и не полагале државна матура поради COVID пандемијата.

6. Кандидатите кои средното образование го стекнале во странство треба да имаат решение од Министерството за образование и наука за признавање на образовна квалификација стекната во странство (нострификација). Кандидатот ги доставува и  документите врз основа на кои е извршено признавањето, во оригинал и нотарски заверен превод на македонски јазик.

7. Рангирањето на пријавените кандидати се врши врз основа на вреднување изразено во поени за успехот од средното образование и државната матура. Кандидатите кои имаат завршено средно образование пред учебната 2007/2008 година, кандидатите кои завршиле средно образование во учебната 2019/2020 година и кандидатите кои завршиле средно образование во странство, се запишуваат само врз основа на успехот од средното училиште.

8. Студирањето прв циклус на студии на АУЕ - ФОН е со самофинансирање. Висината на годишната школарина изнесува 3.200 евра.

Менаџментот има право да определи и друга пониска годишна школарина за секој студент, во зависност од успехот остварен во средно образование, резултатите од приемниот испит, изборот на студиската програма и амбициите на студентот.

Плаќањето се врши во денарска противвредност.

9. АУЕ - ФОН ќе склучи поединечни договори за студирање со секој кандидат кој се запишал на студии, каде ќе биде утврдена висината на годишната школарина и начинот на плаќањето.

10. Постапка и рокови за пријавување на кандидатите и запишување на студиите:

 

  • прв  уписен рок:
    • за пријавување  -  од распишување на конкурсот до 17 јуни 2022
    • за запишување - од 20 јуни 2022 до 24 јуни 2022

 

  • втор уписен рок  - 
    • за пријавување - од 27 јуни 2022 до 02 септември 2022
    • за запишување - од 05 септември 2022 до 09 септември 2022

 

  • трет уписен рок  -
    • за пријавување - од 12 септември 2022 до 23 септември 2022
    • за запишување - од 26 септември 2022 до 30 септември 2022

 

11. При пријавување за запишување потребна е следната документација:

  • Свидетелства од сите четири години на средно образование;
  • Додаток на сведетелство;
  • Диплома за завршено средно образование со положена државна односно меѓународна матура;
  • Извод од матична книга на родените;
  • Уверение / Решение за државјанство;
  • Уплата на првата рата од школарината;
  • Две фотографии;
  • Потврда за уплата на вкупно 1.500,оо денари за издавање на индекс, студентска легитимација и студентска организација (еднократна уплата за целокупното студирање на прв циклус студии).

12. Кандидатите кои се странски државјани се запишуваат на студии под исти услови. Странските државјани кои за прв пат се запишуваат на прв цилкус студии на македонски јазик, односно албански или англиски јазик доставуваат и потврда за познавање на јазикот на ниво најмалку Б2. Во случај кандидатите кои се странски државјани да не поседуваат потврда за познавање на јазик, истите можат да се запишат само на Програмата за јазична и академска подготовка или испитот за јазична проверка да го полагаат на АУЕ - ФОН.

 

Втор циклус студии:

 

На Американскиот универзитет на Европа - ФОН, во академската 2022/2023 година можат да се запишат вкупно 860 студенти на втор циклус студии, на следните студиски програми:

 

- Факултет за правни и политички науки - слободни 210 места за запишување, на следните студиски програми:

- Политички науки, стручни (специјалистички) студии (едногодишни студии, два семестри);

- Политички науки, академски (магистерски) студии (едногодишни студии, два семестри);

- Деловно право стручни (специјалистички) студии (едногодишни студии, два семестри);

- Деловно право академски (магистерски) студии(едногодишни студии, два семестри);

- Казнено право, специјалистички студии (едногодишни студии, два семестри);

- Казнено право, магистерски студии (едногодишни студии, два семестри);

- Граѓанско право, стручни (специјалистички) студии (едногодишни студии, два семестри);

- Граѓанско право, академски (магистерски) студии (едногодишни студии, два семестри).

- Факултет за странски јазици - слободни 20 места за запишување на следните студиски програми:

- Меѓународен бизнис (едногодишни студии, два семестри).

Сите студиски програми освен Казнено право, специјалистички студии и Казнено право, магистерски студии, покрај на македонски јазик, може да се реализираат и на албански јазик.

Право на запишување на втор циклус студии имаат кандидати кои завршиле прв циклус студии на соодветни или сродни студии и стекнале најмалку 180 ЕКТС кредити (на втор циклус специјалистички студии), односно стекнале најмалку 240 ЕКТС кредити или стекнале VII/1 степен на образование (на втор циклус магистерски) студии и кои исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии на соодветниот факултет.

Доколку бројот на кандидати е поголем од бројот на слободни места, факултетските конкурсни комисии ќе спроведат рангирање на пријавените кандидати врз основа на постигнатиот среден успех од прв циклус студии.

Сите студиски програми може да се реализираат на англиски јазик, преку прозорци на мобилност, согласно Законот за високото образование.

Студирањето на втор циклус на студии на АУЕ - ФОН е со самофинансирање. Висината на годишната школарина за сите студиски програми изнесува 3.200 евра, за втор циклус, специјалистички студии, односно 4.000 евра за втор циклис, академски студии.

Менаџментот има право да определи и друга пониска годишна школарина за секој студент, во зависност од успехот остварен на прв циклус на студии, резултатите од приемниот испит, изборот на студиската програма и амбициите на студентот.

Плаќањето се врши во денарска противвредност.

Студиите се реализираат во Скопје.

АУЕ - ФОН ќе склучи поединечни договори со секој кандидат кој се запишал на студии на факултетите во состав на АУЕ - ФОН, каде ќе биде утврдена висината на годишната школарина.

Постапка и рокови за пријавување на кандидатите и запишување на студиите:

 

  • прв  уписен рок:
    • за пријавување  -  од распишување на конкурсот до 17 јуни 2022
    • за запишување - од 20 јуни 2022 до 24 јуни 2022

 

  • втор уписен рок  - 
    • за пријавување - од 27 јуни 2022 до 28 октомври 2022
    • за запишување - од 31 октомври 2022 до 04 ноември 2022

 

  • трет уписен рок  -
    • за пријавување - од 07 ноември 2022 до 23 декември 2022                                                                                              
    • за запишување - од 26 декември 2022 до 30 декември 2022

 

Потребни документи за пријавување и запишување:

  • Пријавен лист
  • Диплома / уверение за завршен прв циклус студии;
  • Додаток на диплома;
  • Извод од матична книга на родените;
  • Уверение / решение за државјанство;
  • Уплата на првата рата од годишната школарина;

-     Две фотографии;

  • Потврда за уплата на вкупно 1.500,оо денари за издавање на индекс, студентска легитимација и студентска организација (еднократна уплата).

 

Кандидатите за запишување на студиската  програма за дизајн и мултимедија, покрај наведените документи доставуваат  портфолио.

Кандидатите кои претходното образование го стекнале во странство треба да имаат решение од Министерството за образование и наука за признавање на странска дипломa (нострификација).

Кандидатите кои се странски државјани се запишуваат под исти услови. Странските државјани кои за првпат се запишуваат, доставуваат и потврда за познавање на македонски јазик на ниво Б2. Странските државјани кои за првпат се запишуваат на студии на англиски јазик, доставуваат и меѓународно призната потврда за познавање на англиски јазик на ниво Б2. Доколку немаат потврда за познавање на македонски јазик, односно на англиски јазик, истите можат да се запишат само на Програмата за јазична и академска подготовка и/или испитот за јазична проверка да го полагаат на АУЕ - ФОН.

Сите документи се доставуваат во оригинал, секој ден од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот на АУЕ - ФОН во Скопје и на одделението во Струга.

АУЕ - ФОН во Скопје, тел. 02 / 2445-505;  бул. Киро Глигоров бр. 5