Студентите на АУЕ-ФОН на Macedonia summit 2025
На 19.05.2022 студентите од Економскиот факултет при Американскиот универзитет на Европа - ФОН заеедно со асс. м-р Белма Хаџикамбер реализираа практична и клиничка настава во рамките на Macedonia summit 2025, кој се одржа во хотел Мериот, Скопје.
Станува збор за врвен регионален собир што служи како платформа за споделување знаење, поврзување на организации и инспирација за промени во Југоисточна Европа.
На самитот беа дискутирани актуелни регионални и глобални теми како што се поддршка на жените во науката, технологијата, инженерството и математиката, вештачката интелегенција, влијанието на блокчејн-технологијата врз индустриите и иднината на работните места.
На панел дискусиите учествуваа претставници на интернационални компании и на бизнис асоцијации и организации.


