Оглас за сметководител
Објавуваме оглас за вработување
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ/КА
Потребни квалификации и вештини:
- Универзитетско образование – Економски факултет;
- Поседување уверение за овластен сметководител од Министерство за финансии;
- Минимум 3 години професионално искуство како сметководител;
- Познавање на соодветната Македонска законска регулатива и меѓународни сметководствени стандарди;
- Искуство во подготовка на завршни пресметки;
- Аналитичност, прецизност и запазување детали во работењето;
- Висока работна етика, одговорност и организациски способности;
- Флексибилност и насоченост кон изнаоѓање решенија;
- Способност за запазување рокови и остварување резултати;
- Одлични вештини за комуникација, пишана и вербална;
- Познавање на англискиот јазик и соодветни компјутерски вештини (Microsoft Office и internet).
Одговорности:
- Подготовка и книжење на целокупната сметководствена документација,
- Контрола на финансиска и материјална евиденција,
- Разновидни и сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски прописи,
- Давање на предлози и сугестии за можно зголемување на ефикасноста во работењето,
- Подготовка на финансиски извештаи, годишни деловни планови и поддршка на менаџментот согласно потребите,
- Буџетирање и контрола,
- Комуникација со сите релевантни државни институции,
- Континуирано професионално усовршување.
Работно време и место:
- Работно време: од Понеделник до Петок, 08:00-16:00 часот во просториите на АУЕ-ФОН.
Аплицирање:
Биографијата (CV) и дополнителните документите кои ги докажуваат горните барања, заедно со мотивациско писмо да се достават по електронски пат на hr@fon.edu.mk најдоцна до 10.08.2022 година.
Првичната селекција ќе се спроведе врз основа на доставените апликации. Само
избраните кандидати во втор круг ќе бидат повикани на понатамошно тестирање и интервју.