X
press enter »
MK
EN

ПОКАНА ЗА ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС

Почитувани студенти,

Ве покануваме на првиот свечен час за академската 2022/2023 година којшто ќе се одржи на 01.10.2022  (сабота), со почеток во 11:00 часот во просториите на Американскиот универзитет на Европа - ФОН.

На овој настан, ќе ги добиете сите релевантни информации за Вашето студирање на АУЕ- ФОН, можностите за личен развој, работа, пракса, како и соработката со меѓународните универзитети со кои имаме одлична соработка, а кои ќе ви пружат дополнителни можности зa стручно усовршување, стекнување двојни дипломи од областа на економијата или пак меѓународно признат сертификат за сајбер безбедност како една од најатрактивните и просперитетните професии.

Со присуството на првиот академски час започнувате ново поглавје и влегувате во нова фаза од животот. АУЕ- ФОН ги отвора ширум вратите на универзитетот, со што станувате дел од едно големо семејство кое ќе ви овозможи нови перспективи.

На вашиот нов пат, совладувајте ги лесно сите предизвици. Верувајте во себе. Бидете упорни, креативни, посветени, полни со ентузијазам за нови знаења, а нашиот академски кадар  ќе биде секогаш со Вас и ќе Ви биде најголемата поддршка. Заедно ќе чекорите по патот кој гарантира успешна кариера и иднина.

Ве очекуваме со вашите најблиски заедно да го одбележиме почетокот на новата етапа во Вашиот живот.

Ви посакуваме успешни студии.

Ваш АУЕ- ФОН