АУЕ – ФОН Е КООРДИНАТОР - ПАРТНЕР НА НАСТАНОТ „МИСЛЕЈЌИ НА БАЛКАНОТ“
Во рамките на ЕРАЗМУС стратешкото партнерство Гео-филозофија на Балканот, на 29 септември со почеток од 19:30 часот, во Националната галерија-Даут Пашин амам се организира настан на тема „Мислејќи со Балканот“.
Американскиот универзитет на Европа – ФОН е координатор - партнер на настанот, којшто се организира со цел да се активира академската заедница и пошироката публика за повеќе значајни теми како што се критичката мисла, помирувањето и образованието, во контекст на регионалната соработка на Балканот.
Настанот се организира како дијалог помеѓу професорите Боавентура де Соуза Сантош од Универизитетот во Коимбра од Португалија и Ијан Чејмберс од Ориентале Универзитетот во Неапол, по што што ќе следи дискусија од членови на проектниот конзорциум и други истражувачи, а на крајот е предвидена кратка сесија на дискија со прашања и одговори.
Боавентура де Соуза Сантош е ЕМЕРИТУС професор по Социологија на Универзитетот во Коимбра, а со титулата Distinguished Legal Scholar предава и на Универзитетот Висконсин-Медисон. Во овој момент тој е и ЕМЕРИТУС директор на Центарот за општествени науки во Коимбра. Нашироко се познати неговите дела поврзани со глобализација, социологија на правото, епистемологија и социјални движења, преведувани на повеќе светски јазици меѓу кои англиски, шпански, италијански, француски, германски, дански и полски. Неговиот настап, со фокус на градење на когнитивна правда (епистемологии на југот, интеркултурен превод и екологии на знаењето), ќе го адресира монополот на ригорозното западно-центрично знаење, кое придонесе кон уништување на толку многу други форми на знаење кои не одговараат на европските интереси. Начинот на кој овоа специфично знаење придонесе кон зацврстување на капитализмот, колонијализмот и патријархатот (трите главни форми на современата доминација), го открива линкот помеѓу глобалната социјална неправда и глобалната когнитивна неправда. Универзитетите, за жал, беа главната платформа каде овој линк истовремено беше и продуциран и затскриен. Епистемологиите на југот претставуваат обид да се генерира когнитивна правда како предуслов за социјална правда. Накратко, Сантош ќе ги објасни главните концепти и процедури на тоа што самиот го нарекува епистемологии на југот, меѓу кои се и „понорна линија“, „социологија на отсуство“, „социологија на итност“, „интеркултурен превод“ и „екологии на знаење“.
Професорот Ијан Чејмберс од Универзитетот Ориентале во Неапол, во последниот творечки период, со интердисциплинарен и интеркултурен приод активно работи на популарните музика и култура (metropolitan cultures). Последно освежување по оваа истражувачка линија е серијата на пост-колонијални анализи на облиците на модерниот Медитеран. Помеѓу неговите последни текстови се Mediterranean Crossings. The Politics of an Interrupted Modernity (2008), Postcolonial Interruptions, Unauthorised Modernities (2017), Mediterraneo Blues (2020), и со Марта Кариело La Questione Mediterranea (2019). По пензионирањето од Ориентале Универзитето во Неапол, Италија, каде што бил ангажиран на повеќе предмети во областа на Културни студии, сега работи како независен автор и критичар, а активен е и на својот блог: https://mediterranean-blues.blog. Неговиот настап ќе биде фокусиран на политичката и филозофската состојба во Европа, поврзувајќи ја современата “криза“ на миграцијата со хистеричниот изблик на обвинувања за антисемитизам за време на овогодинешното издание на Документа 15 во Касел, Германија. Предложувајќи дека историските потфрлања видливи во двата именувани случаи, потребно е длабински да се истражат одново концептите на демократија, слобода и права. Токму затоа што овие историски потфрлања и понатаму продолжуваат да ги врамуваат постоечките критички и културни лексикони, скриено испишувајќи ја европската матрица на третман на Балканот.
За повеќе информации, следете ја Фејсбук страницата на Гео-филозофија на Балканот.