Соопштение за заверка на зимскиот семестар за прв циклус на студии во академската 2022/2023
ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ПРВА ГОДИНА - пред заверка на семестар од службата за студентски прашања да го подигнат и потпишат Договорот за студирање во академската 2022/2023 година,најдоцна до 14.10.2022година.
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека заверката на зимскиот семестар за прв циклус на студии започнува од 05 Октомври до 14 октомври 2022 година.
Студентите се должни целосно да го потполнат семестралниот лист и статистички образец бр 20А . Студентите задолжително на семестралниот лист да го наведат бројот за таксена марка кој преку СМС го добиваат со порака од број 144166.
Согласно Договорот за студирање во академската 2022/2023 г студентите се обврзани навремено да го пријават зимскиот семестар најдоцна до 14.10.2022 г.
Студентите комплетната документацијата за заверка на семестар да ја достават лично во службата за студентски прашања во периодот од 08:00-15:00 часот најдоцна до 14 Октомври 2022 година.
Проверка на вашите финансии можете да извршите во службата за сметководство, на следната е-mail адреса: sejhan.asoska@fon.edu.mk , magdalena.nikolovska@fon.edu.mk
Напомена:
После 14 Октомври 2022 ,заверка на семестар ќе се врши по исклучок( (согласно правилникот и ценовникот со дополнителни трошоци објавен на веб страната на Универзитетот.