X
press enter »
MK
EN

ДВОЈНА ПРОГРАМА СО ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ЗА ПРИМЕНЕТИ НАУКИ МИТВЕДА ОД ГЕРМАНИЈА

Квалитетното образование е клучот за просперитет, стабилност и напредок за секој студент. Американскиот универзитет на Европа – ФОН поставувува светски стандарди и услови за академски развој на секој поединец, им овозможува на студентите да ги развиваат сопствените капацитети за креативно и автономно размислување, но пред сè да се стекнат и со вештини неопходни за професиите на иднината.

Имајќи го предвид фактот дека образванието отвора широки можности за успешна кариера, нашиот универзитет како резултат на соработката со Државниот универзитет за применети науки Митведа од Германија (Mittweida – University of Applied Sciences), на студентите им овозможува да се стекнат со двојни дипломи.

Сите сегашни и идни студенти, како и алумни на АУЕ – ФОН кои се запишани на Економскиот факултет и студираат или студирале „Бизнис менаџмент“, „Маркетинг и „Финансии“, можат да аплицираат за двојна диплома на Државниот Универзитет за применети науки од Митведа и тоа за:

Додипломски студии во областа на бизнис менаџмент (индустриски менаџмент)

Ова значи дека, покрај дипломата од АУЕ - ФОН, нашите студенти  можат да добијат и германска диплома за прв и за втор циклус студии. За да се стекнете со двојна диплома потребно е да ги положите сите испити по македонската програма, како и дополнителни испити од програмата на универзитетот за применети науки Митведа.

Во текот на своето образование и стекнување на двојни дипломи, имате можност да се едуцирате од квалитетен академски кадар од Македонија и Германија и да се стекнете со меѓународно признаени дипломи кои што ќе ви гарантираат сигурно вработување, не само кај нас или во Германија, туку и пошироко низ целиот свет.

Едноставно,програмата за двојна диплома на сите студентите им нуди да развијат широка и меѓународна перспектива, да добијат посебни знаења, како и да го продлабочат својот хоризонт со интеркултурно искуство и обука за владеење на јазикот. Програмата има за цел да формира личности кои се способни да дејствуваат успешно на глобалниот пазар на трудот.

За студирање на програмата за двојна диплома со Универзитетот за применети науки Митведа од Германија, студентите ќе треба да демонстрираат познавање на германски јазик на Б2 ниво.

Повеќе детали и информации за двојната програма со Државниот универзитет за применети науки Митведа од Германија може да се добијат од координаторот на програмата за двојна диплома на Факултетот за економски науки на АУЕ - ФОН на следниот меил marina.kantargjieva@fon.edu.mk.