X
press enter »
MK
EN

ДВОЈНА ПРОГРАМА СО ВИСОКАТА ШКОЛА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И ФИНАНСИИ ОД БУГАРИЈА

Американскиот универзитет на Европа – ФОН како пионер во високото приватно образование во Макеоднија, во рамките на својата мисија јасно има утврдено дека знаењето, науката, талентот, индивидуаланта креативност и квалитетот се основни постулати за успешна кариера. Времето посветено за квалитетно образование е инвестиција за сигурна иднина. Со стекнување на знаење од најдобриот академски кадар на нашиот универзитет, сите Вие студенти обезбедувате сигурност, ја зголемувате својата лична вредност и способност со што може да бидете целосно конкурентни на домашниот и европскиот пазар.

Оттука, како исклучителна значајна новина од оваа академска 2022/2023 година, АУЕ – ФОН во соработка со Високата школа за осигурување и финансии од Софија (ВУЗФ), им овозможува на наши студенти од I до IV година прв циклус студии, студентите на последипломски студии, како и на сите алумни на Факултетот за економски науки да се стекнат со двојна диплома и тоа за:

Додипломски студии на ВУЗФ:

• НОВО: Деловни стратегии и управување со проекти;

• Финансии и меѓународен бизнис;

• Менаџмент, маркетинг и дигитален бизнис;

• Осигурување и обезбедување;

• Сметководство и ревизија;

• Деловна психологија и човечки ресурси;

• Бизнис менаџмент и маркетинг – МК

Магистерски студии на ВУЗФ:

• НОВО: „Fintech“, финансии и дигитални иновации (во партнерство со Бугарската асоцијација Fintech);

• НОВО: Зелена економија и одржлив развој;

• Осигурителен бизнис и управување со ризик;

• Финансии;

• Финансиски менаџмент и маркетинг;

• Сметководство, ревизија и корпоративна анализа;

• Управување со човечки ресурси и лидерско однесување;

• Деловен софтвер и ERP платформи (во партнерство со ERP Academy);

• Дигитален маркетинг и онлајн аналитика;

• Управување со банка и инвестициска активност (во партнерство со Фибанк);

• Бизнис менаџмент и маркетинг – МК.

Покрај можноста за стекнување на двојни дипломa, наставниот кадар од Американскиот универзитет на Европа – ФОН има можност за менторирање на докторски студии на ВУЗФ универзитетот од областа на економијата на две програми: финансии, осигурување и социјално осигурување, како и сметководство, контролинг и анализа. Со воспоставената соработка, нашите студенти имаат пристап до квалитетно образование по меѓународни стандарди, во изведба на врвни европски и домашни експерти.

Студентите од АУЕ- ФОН се стeкнуваат со дополнителна диплома преку полагање на дифиренцијални предмети. Тоа им отвора нови перспективи за професионален и кариерен развој во Европа и пошироко, како и стекнување на диплома која што е признаена и валидна во државите членки на ЕУ.

Потребни документи:

Доставувањето на документите ќе се врши преку АУЕ-ФОН до ВУЗФ.

Период на аплицирање:

Пред-приемен период:

• До 01.12.2022 година, предавањата започнуваат во текот на февруари.

Редовен прием за новата академска година 2023/2024:

• До 30.06.2023 год.

Повеќе детали за двојните дипломи со Високата школа за осигурување и финансии (ВУЗФ) од Бугарија, може да добиете од координаторот на програмата за двојна диплома на Факултетот за економски науки на АУЕ - ФОН на следниот меил marina.kantargjieva@fon.edu.mk.

Дополнителни информации за можностите од ВУЗФ унивезитетот од Софија може да видите од презентацијата на следниот линк https://bit.ly/3M9595A