Студентите од АУЕ-ФОН на „Balkan Economic Forum“
Студентите од Економскиот факултет при Американскиот универзитет на Европа - ФОН на ден 18.11.2022 година, во организација на асс. м-р Белма Хаџикамбер реализираа практична и клиничка настава во рамките на „Balkan Economic Forum“, којшто се одржа во хотелот “DoubleTree by Hilton Skopje”.
На форумот учесниците дебатираа за регионалната економска соработка, забрзаната енергетска транзиција, финансирањето на развојот и регионалната соработка, преквалификација и доквалификација на работната сила на Балканот како и инoвациите во креирањето на економските политики.
На панел дискусиите учествуваа претставници на официјалниот државен врв, дипломатскиот кор заедно со истакнати домашни и странски експерти, претставници на реалниот сектор и повеќе претставници од специјализирани економски образовни институции како и Дубравка Шуица, потпретседателка на Европската Комисија и Оливер Вархеи, Еврокомесар за проширување.
Повеќе инфо на https://www.balkaneconomicforum.org/


