Подготвителна настава на АЕУ-ФОН за полагање на државна матура
Почитувани матуранти!
За неколку месеци ќе бидете исправени пред сериозен предизвик – полагање на државната матура. Со успешно положениот матурски испит, Вие го заокружувате Вашето средно образование и влегувате во нова етапа за едукација и професионален развој. За таа цел, Американскиот универзитет на Европа - ФОН повторно и оваа година за Вас овозможува целосна подготвителна настава со полн фонд на часови, за да се опфати целосно материјалот како би можеле да се подготвите за полагање на државната матура, без да направите финансиски трошоци.
Подготвителната настава со полн фонд на часови, ќе ја реализираат докажани универзитетски професори од АЕУ - ФОН по следните предмети: македонски јазик и литература, албански јазик, странски јазик (англиски, француски, германски и руски), математика и ликовна уметност.
Подготвителната настава ќе се одвива од 27.03.2023 до исполнување на целиот фонд на часови, согласно предметот. Можете да аплицирате само на еден предмет, а можете и на повеќе, во зависност од Вашите потреби за подготовка.
Подготвителните часови ќе се реализираат со физичко присуство или онлајн настава. Наставата со физичко присуство ќе се одвива секоја сабота и недела во просториите на Американскиот универзитет на Европа – ФОН. Предавањата ќе бидат организирани во групи од по 20 слушатели за поголема ефикасност.
Аплицирајте, оставете ги Вашите податоци и ќе бидете контактирани веднаш https://forms.office.com/e/mHk2kM6yUW
СРЕЌНО МАТУРАНТИ !
Ваш АУЕ- ФОН