Соопштение за запишување на летен семестар за академската 2022/2023
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека запишување на летниот семестар започнува од 02 Март до 10 Март 2023 година.
Студентите се должни целосно да го потполнат семестралниот лист и статистички образец бр 20А . Студентите задолжително на семестралниот лист да го наведат бројот за таксена марка кој преку СМС го добиваат со порака од број 144166.
Согласно Договорот за студирање во академската 2022/2023 г студентите се обврзани навремено да ги подмират и трошоците за школарина.
Студентите комплетната документацијата за заверка на семестар да ја достават лично во службата за студентски прашања во периодот од 08:00-15:00 часот најдоцна до 10 Март 2023година.