КОНКУРС ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА131 на Европската комисија, Американскиот Универзитетот на Европа - ФОН распишува конкурс за доделување финансиска поддршка за студенти за престој на високо образовните институции носители на Еразмус Повелба за Високо образование, за остварување на индивидуална мобилност за студенти - за зимски семестар во академската 2023/2024 година, согласно Правилникот за академска мобилност на ЕУ – Еразмус.
Времетраење на мобилноста: 1 семестар (3 - 5 месеци).
Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу АУЕ - ФОН и високо образовните институции носители на Еразмус Повелба за Високо образование.
Еразмус+ мобилност за студенти може да се реализира доколку студентот ги исполнува следните критериуми:
- Просек над 9.00
- Заверен III семестар
Потребни документи за мобилност за студенти:
- Уверение за положени испити
- Б1 сертификат за познавање на англиски јазик
- Мотивационо писмо за универзитетот за кој аплицирате
- Kратка биографија (Europass)
- Портфолио
Кандидатите документите ги поднесуваат на следната е - маил адреса: mark.janura@fon.edu.mk најдоцна до 23 јуни 2023.
Универзитетот со кои имаме соработка може да ги видите на следниот линк
АУЕ ФОН УНИВЕРЗИТЕТ
Канцеларија за меѓународна соработка и глобални иницијативи