X
press enter »
MK
EN

Повик за волонтери за Европскиот шампионат во одбојка

Почитувани студенти,

Македонија е земја домаќин на Европскиот шампионат во одбојка за мажи, група Ц, во првата недела од месец септември. Натпреварите ќе се одржуваат во СЦ " Борис Трајковски".

Сржта на организација на еден ваков голем спортски настан се волонтерите. Факултетот за спортски менаџмент во соработка со одговорната компанија за волонтерската програма NR Sports Volunteering Solutions силно Ви препорачува да станете волонтер. Се' што треба да направите е да ја пополните апликацијата доставена во продолжение.

За полесен и соодветен избор на волонтерската позиција согласно Вашиот интерес следете го Прирачникот за волонтери.

За секој волонтер - учесник на шампионатот следува опрема, оброк и сертификат. Да ја поддржиме организацијата, македонската репрезентација и државата со Вашиот личен и непосреден ангажман!

Апликација за волонтер на следниот линк 

Прирачник за волонтери на следниот линк 

 

Контакт за дополнителни информации:

проф. д-р Лиза Пантековска, Факултет за спортски менаџмент

liza.pantekovska@fon.edu.mk